Како најлесно да го навикнете бебето да лежи на стомак?

Бебињата мораат повеќе да лежат на стомак, затоа што е тоа најдобар предуслов за квалитетен развој на моториката.

0
257

До пред некои 25 години бебињата обично се ставаа да спијат на стомак и во таа поза поминувале многу повеќе време отколку денес.

Но тогаш и смртноста на бебињата поврзани со гушење во сон била многу поголема отколку денес, пред стручњаците да ја откријат таа спона.

Всушност, смртноста од тогаш се намалила двојно, но се намалила и количината на време кое бебињата го поминуваат на стомак па така денеска доаѓаме и до податок дека барем едно од 40 бебиња се развиваат моторички побавно, што е во однос на периодот од пред 25 години, е пораст од дури 150 отсто.

Споната е повторно – лежењето на стомак, односно на грб.

Очигледно е дека времето кое бебето мора да го поминува на стомак, мора да се зголеми, затоа што ако одземете часови и часови спиење на грб, прашање е кога и колку долго тогаш треба да го држите бебето на стомак, особено ако бебето тоа упорно го одбива.

Затоа стручњаците пресметале дека дури и саат време дневно би било доволно, што на бебињата кои очигледно ја одбиваат таа поза, им е веројатно премногу, но со оглед на тоа што е го правите ова по малку, со менување на позите и забавување на бебето додека е на стомак, ќе биде доволно од првиот ден да ја привикнувате на „tummy time“.

Tоа мoже да го правите додека е бебето будно во креветчето, а вие сте покрај него или можете да го ставите на себе, на соите нозе, на колената – да почувствува дека сте тука и таа поза да не им биде баш само лежење на рамно.

Впрочем, можете своето бебе често да го ставате да лежи на вас додека лежите и вие, така нема да лежи на рамно, ќе им биде многу попријатно во ваша близина и ќе почне многу побрзо и полесно да го крева главчето и такја да ги зајакне мускулите на вратот.

Новороденчиња

Саат-два дневно на стомак, односно лежејќи на вас, ќе бидат доволно бебето да почне да се навикнува на стомак-поза – за подоцна, кога ќе им биде најпотребна за развој на моториката.

Бебиња од 3.недела старост

Кога бебињата ќе почнат се повеќе да бараат да поминуваат време на раце, поставувајте ги стомачно, на целата должина на вашата рака, со вашата дланка под главчето. Исто така, кога ќе го оставите на стомак, бидете покрај нив на нивото од нивните очи за да можат постојано да ве гледаат.

Бебиња над 3 месеци старост

Ако до третиот месец старост се уште не се навикнале да лежат на стомак, во овој период кога веќе можат да го држат главчето цврсто, самите ќе го започнат својот моторички развој на рацете, фаќање, влечење, движење.

Секако, за сите тие активности е бидат потребни уште есеи, но ако се навикне да лежи на стомак, тогаш секој чекор нема да им биде толку тежок како на бебињата на кои родителите не се труделе да им ја создадат таа важна навика.

loading...