Како најлесно да го уништите својот адолесцент

Мало дете бара родителот да е физички достапен за да даде утеха, додека на адолесцентите не им е толку потребна физичката близина, колку сознанието дека родителите ги поддржуваат дури и кога не се присутни

0
235

Да се воспитува и да се одгледува дете од две години и адолесцент, не е исто. Секоја развојна фаза е подеднакво важна и носи единствени предизвици и за децата и за родителите.

Сепак, студиите покажуваат дека најстресна е фазата на адолесценцијата, посебно на раната адолесценција, затоа што подразбира т.н. детачмент родителство, поточно време за одвојување од родителите. Празнина, анксиозност, осаменост, се само некои од емоците кои мајките на адолесцентите најчесто ги наведуваат прашувајќи „Што се случи со моето мирно и послушно дете?“

Клучна задача на адолесценцијата е достигање на автономија во смисол на самостојност и изградба на самодоверба. Додека адолесцентите ги преиспитуваат улогите и границите на односот, родителите балансираат на жица помеѓу давањето слобода и одржувањето на блискост и приврзаност. Значи, за да се развие автономија, самостојноста и соработката со родителите мораат да коегзистираат.

Успешното поминување низ адолесцентската фаза во еден дел е под влијание на стилот на родителството. Истражувањата покажуваат дека авторитативното родителство (висока контрола, но и високо прифаќање), поттикнува здрав психосоцијален и академски живот, како и прилагодено однесување. Адолесцентите кои одржуваат топли емоционални односи со родителите кои од друга страна ги поддржуваат и уважуваат, се помалку склони кон депресија и девијантни однесувања, позрели се, поподготвени за училиште и имаат повеќе самодоверба.

Она што го кочи осамостојувањето на детето е контролирачкиот, поточно, авторитарниот стил на родителство (висока психолошка контрола со ниско прифаќање).

Тој вклучува однесувања кои се манипулативни и наметливи во однос на потребите на детето. На тој начин кај детето се создава чувство на вина и анксиозност, а љубовта се сфаќа како условна и зависна од однесувањето. Лонгитудиналните студии покажуваат дека адолесцентите кои се свесни за родителскиот психолошки притисок, не држат до своите ставови и лесно паѓаат под влијание на другите.

Покрај психолошката контрола и стиловите на родителство, за достигнување на здраво функционирање на адолесцентите заслужен е и стилот на афективно врзување односно, квалитетот на односи со други..

Попрецизно, сигурна афективна повзаност доведува до автономија, а автономијата повратно го зајакнува односот со родителите со изградбата на доверба. Адолесцентите кои развиваат сигурна поврзаност можат самостојно да се снајдат во нови животи ситуации или по потреба да препознаат и да побараат помош. Исто така, тие се помалку склони кон ризични однесувања, имаат подобро ментално здравје, социјални вештини и успешни стратегии за справување со проблеми.

Оние кои развиваат несигурен стил на врзување, склони се или кон избенување како обид да се ослободат од родителите и да досегнат автономија, или кон анксиозност во смисол на одржување на поврзаноста со родителите дури и по цена на губење на самостојнооста. Резултатите се и овде конзистентни: несигурниот атачмент е поврзан со суицидалност, злоупотреба на супстанции, агресивно и деликвентно однесување.

„Здрава“ афективна поврзаност подразбира родителите да се стабилни и флексибилни. На пример, мало дете бара родителот да е физички достапен за да му даде утеха, додека на адолесцентите не им е толку потребна физичката близина, колку сознанието дека родителите г поддржуваат дури и кога не се присутни. Вешт родител умее да ги наслушне потребите на детето и е доволно храбар по потреба да попушти или да повлече граници.

Секако, сигурна поврзаност не исклучува присуство на конфликти, но подразбира дека дури и во текот на недоразбирањата и расправиите, адолесцентот смее да го изнесе своето мислење,  родителот да покаже емпатија кон туѓото гледиште.

Едно истражување објавено во јануари годинава во журналот Personality and Individual Differences, се обидело да ги испита токму заедничките ефекти од психолошката контрола на родителите и стилот на афективно поврзување на автономијата на адолесцентот. Авторите користеле два пристапи. Со корени во психоаналитичката теорија, првиот ја глед автономијата како степен на независност во носењето на одлуки, дејствувањето и размислувањето. Другиот пристап кој потекнува од самодетермиирачката теорија, вели дека автономијата е независно функционирање, што значи степен во кој некој се однесува во согласност со личните цели, интереси и интернализирани правила.

Резултатите покажале дека строгата родителска контрола е поврзана со намалено независно функционирање и носење одлуки на детето. Анксиозниот стил на врзување е поврзан со намалено независно функционирање но оди рака под рака со самостојното носење на одлуки. Како едно од можните објаснувања на овој необичен наод, истражувачите наведуваат дека е можно, кога детет ќе се осмели самостојно да донесе одлука, родителите реагираат со зголемено контролирачко однесување, заради што детето се обесхрабрува, се разочарува и развива анксиозен стил на врзување.

Практична препорака и поука е дека успешно совладување на фазата на адолесценција не се постигнува со раздвојување од родителите  и препуштање на врсниците, но ниту со патолошко одбивање да му се овозможи на детето слобода на мислење. Здравиот пат до возрасна личност со самодоверба и самостојност е поплочен со сигурна емоцинална поврзаност, поддршка, топлина и соработка со родителите.

Извор: Psihobrlog

Фото: Myicahel Tamburini from Pexels

loading...