Како раѓаат богатите мајки во светот?

Изнајмуваат консиерж кој им одбира име и облека за детето, и уште многу други нешта

0
437

Мајката на две деца Тифани Норис пред три години основала компанија која обезбедува елитни услуги за бремени жени и мајки. Компанијата ја именувала The Mummy Concierge и има толку многу работа што никогаш не се покајала за својата одлука.

Имено, нејзините клиенти се супер богати жени со успешна кариера чии плати се шестоцифрени.

„Имав многу моќни жени за клиенти кои држеа презентации пред стотици луѓе, а во 2 часот наутро ми плачеле на телефон за сè и сешто – од тоа дека не знаат да го склопат креветчето за бебето до неодлучност за бојата што треба да ја изберат за sидовите во детската соба“, изјавила Тифани за„ Дејли меил“.

Тифани им помага во такви ситуации. Некои од жените бараат возач во скап автомобил по излегувањето со бебето од болница, некои сакаат име за детето за кое никој досега не слушнал. Консиержот за мајки ги решава сите горенаведени проблеми.
Но, што е најважно, тие се емоционална поддршка. Но, таквите услуги имаат своја цена – потребно е да се издвојат најмалку 150 евра на час. Сепак, Тифани не се грижи бидејќи има листа на чекање за услугите што ги обезбедува нејзината компанија.

Повеќето од нејзините клиенти, како што вели, се од Челси, Најтсбриџ и Кенсингтон, а многумина одлучиле да станат мајки подоцна или биле подложени на медицинско асистирано оплодување, такашто бременоста ги прави анксиозни.
Една мајка морала да најде стилист кој ќе ѝ дизајнира уникатна ноќница во која ќе се пораѓа, на друга ѝ го предложила името Микси затоа што сакала име што го нема никој друг на светот, а третата од неа побарала помош за организирање забава за дарување на бебето. Иако наидува на необични побарувања, нема ниту едно што сè уште не успеала да го исполни.

Фото: Инстаграм

loading...