Како се пораѓале нашите баби и прабаби?

Можете ли да замислите да раѓате без епидурална, антибиотици, неонатална нега и лекари кои знаат дека треба да ги измијат рацете пред да почнат да ве пораѓаат?

0
185

Според податоците на Центрите за контрола и превенција на болести, од доаѓањето на модерната пренатална нега, смртноста кај бремените жени и родилките е намалена за 99 проценти, а стапката на смртност кај децата за 90 проценти. Се прашувате што се смени?

Еве како порано се пораѓале жените:

1900 – 1910 година

Бидејќи во тоа време имало малку болници, а модерната медицина сè уште била во повој, мајките најмногу ги раѓале своите деца дома. Иако постоеле бабици, лекарите го завршувале најголемиот дел од работата, а раѓањата биле природни – во секоја смисла на зборот.

1910 – 1920 година

Кога доаѓало време за породување, мајките имале малку повеќе можност од порано. Иако повеќето бебиња се родени во своите домови со помош на лекари и бабици, во 1914 година било отворено првото породилиште. Истата година, популарноста на контроверзниот метод Twilight Sleep (спиење на самрак) се зголемила, што значело дека на мајките им се давала одредена доза на морфиум и скопаламин.

Причината била повеќе од добра – жените можеле да спијат за време на целото породување. Сепак, имало еден проблем, прилично голем – повеќето мајки и деца умирале.

Друг интересен факт: деведесет проценти од лекарите немале формално образование.

1920 – 1930 година

Покрај се попопуларниот метод „Twilight Sleep“, лекарите рутински присилно го проширувале грлото на матката, потоа давале етер за време на втората фаза на породување, правеле епизиотомија, го ваделе бебето со форцепс, а потоа ја отстранувале плацентата, предизвикувајќи контракции со лекови. На крајот, тие ја зашивале раната од епизиотомијата.

1930 – 1940 година

Со големата криза (попозната како Големата депресија) во полн ек, жените имале на располагање помалку приходи, но бидејќи безбедноста на децата конечно била најважна, скоро 75 проценти од раѓањата се случувале во болниците. За жал, оваа „безбедност“ значела речиси двојно зголемување на смртноста кај новороденчињата, главно поради непотребни интервенции извршени за време на породувањето. Методот „Twilight Sleep“ се уште се користел при секое породување, но жените почнале да се жалат дека не можат да се сетат на ништо од породувањето.

1940 – 1950 година

Во текот на оваа деценија, методот на Twilight Sleep бил широко распространет, сепак, откако д-р Грантли Дик-Ред ја објавил книгата „Породување без страв“ во 1944 година, жените почнале да гледаат на породувањето поинаку, и конечно почнале да се земаат предвид некои нови методи на породување.

1950 – 1960 година

Деведесет проценти од бебињата се раѓани во болници, а се повеќе жени почнале да се жалат на озлогласениот метод на заспивање за време на породувањето. Покрај тоа, во јавноста се појавиле застрашувачки фотографии од породувањето, и конечно „Twilight Sleep“ почнал да се користи се помалку. Во овој период, бил измислен ултразвукот, но неговата употреба била наменета првенствено за да се провери здравјето на бебето, а не да се открие полот.

1960 – 1970 година

Речиси сите раѓања се случувале во болниците, а лекарите конечно биле во можност, со помош на новоизмислени системи, да ја следат работата на срцето на бебето за време на раѓањето. Антибиотиците станале стандардна терапија во постнаталната нега, а со тоа и процентот на смртни случаи е намален. Жените конечно можеле да го контролираат раѓањето со контрацепција одобрена од Агенцијата за храна и лекови во 1960 година.

1970 – 1980 година

Кога се пораѓале во болница, жените имале многу повеќе можности за ослободување од болка и други интервенции. „Twilight Sleep“ повеќе не се користел, но бил заменет со техники како што се хипноза, раѓање во вода, како и техниката Ламазе, која првично се занимавала исклучиво со техники на дишење кои им помагаат на бремените жени полесно да ги издржат контракциите за време на породувањето. Жените се охрабруваат да учествуваат во нивното породување колку што можат. Ова е и деценијата кога епидуралот стана популарен. За жал, епидуралот ги забавувал контракциите на средината на породувањето, па затоа во тоа време бил измислен Питоцин (лек што се користел за да се предизвикаат контракции).

1980 – 1990 година

Речиси половина од жените во светот се одлучувале за епидурална анестезија за време на породувањето, а ултразвучната дијагностика исто така била подобрена, па родителите имале можност за прв пат да го слушнат срцевиот ритам на своето бебе и да го видат бебето додека е сè уште во матката.

1990 – 2000 година

Сите жени се породуваат во болница и конечно нивните желби се на прво место, и можат наместо лекарот, да донесат одлука за тоа како ќе се одвива нивното породување (секако, ако е сè во ред). Сè повеќе се користи амниоцентеза, инвазивна дијагностичка анализа што одредува присуство на хромозомски абнормалности кај бебето пред раѓањето, а определувањето на полот со ултразвук исто така стана рутина.

2000 – 2010 година

Како изгледа породувањето? Во текот на оваа деценија, жените се породуваат претежно во болница, но се повеќе мајки се одлучуваат да раѓаат дома, во присуство на лекар и бабица. Бројот на царски резови исто така се зголеми, што спаси многу животи, но се повеќе истражувања сугерираат дека царскиот рез не треба да биде избор, освен ако не е неопходно. Меѓутоа, за првпат, во овој период се зголеми смртноста на мајките. Иако имаше многу мал пораст (13 смртни случаи на 100.000 жени, во 2004 година), податоците ги загрижија и лекарите и жените, а истражувачите за ова го обвинија зголемувањето на дебелината, но и царскиот рез.

2010 година – до денес

Популарноста на породувањето дома расте, и иако многу придобивки им се достапни на жените денес за време на породувањето, многумина во голема мера се одлучуваат за целосно природно породување, без епидурални и други интервенции.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]