Како се создаваат генијалци: Јапонски професор советува како да се работи со децата дома

За да порерасне во генијалец, родителите мора да работат со детето од раѓање, прво развивајќи ја неговата десна страна на мозокот, а потоа постепено воведувајќи игри за развој на левата страна - гласи методот на познатиот јапонски професор Макото Шичида, кој успешно се применува во повеќе од десет земји.

0
343

Според методот на познатиот јапонски професор Макото Шичида, кој успешно се применува во повеќе од десет земји, за да порасне во генијалец, родителите мора да работат со детето од раѓање, прво развивајќи ја неговата десна страна на мозокот, а потоа постепено воведувајќи игри за развој на левата страна.
На родителите им се препорачува да започнат да работат со своите деца дома што е можно поскоро преку следниве форми:

Песничка

Важно е да се посвети време на развојот на умот на детето, секогаш во исто време од денот, и тоа така што се почнува со омилената песна. Професорот Макота Шичиде советува да ја пеете додека го држите детето во скут, свртено кон вас, додека цело време во позадина свири некоја бавна музика.

Дишење

Неопходно е детето да научи да дише правилно, вежбајќи како да оддува хартиена пчела или пеперутка. По некое време, може да започне да дува во „празно“.

Вежба „енергетска топка“

Се преправате дека имате топка помеѓу дланките што ја обликувате како снежна топка, а потоа така замислена ја фрлате. Повторете го ова и преправајте се дека пиете енергија од вашите раце.

Сугестија

Со насмевка на лицето на вашето дете, тивко му велите: „Ти си посебен“, „Ти сакаш“, „Можеш се“.

Фантазија

Тренирајте ја неговата фантазија, сонувајте со него, раскажувајќи му бајка што ќе ја заврши тоа, да доцрта боја на некој цртежа или името на некоја личност од таа приказна.

Телепатија

Седнете близу до детето и замислете некоја форма и боја, а потоа кажете му „Замислувам круг, каква боја е тој?“. Така се вежба телепатијата.

Интуиција

Кажете му да погоди во која рака или под што се наоѓа нешто, за да го активира неговиот интуитивен нерв.

Гимнастика за очи

Земете го ѕвончето и мрдајте го нагоре и надолу, лево и десно додека ѕвоните, а вашето дете нека го следи со очите.

Игра со карти

Набавете што повеќе карти со различни слики. Покажувајте му ги на детето картички брзо, не подолго од една секунда, доволно за да изговорите што има на картата. Оваа брзина ќе ја активира десната страна на мозокот, а кажувањето што е на картичката ја вклучува левата, такашто тие се синхронизираат.

Фотографска меморија

За оваа цел, ви требаат слики кои се малку различни една од друга. Покажете му на детето една од нив за секунда, а потоа и двете, и прашајте го што видел.

Пејте

На крајот од учењето повторно можете да ја отпеете вашата омилена песна. Вежбајте вака вкупно 30-40 минути на ден, а остатокот од времето оставете го детето да си игра.

Подучувањето на броеви, букви и други активности кои го стимулираат предвремениот развој на левата страна на мозокот оставете го за возраст од 3-4 години. Научете го да игра игри со улоги со различни играчки, што ја развива имагинацијата која е многу корисна. Сонувајте со него, замислувајќи како ќе одите на море или во зоолошката градина. Користете едноставни реченици за да опишете што ќе направите и што ќе видите. Научете го да јаде и да црта со двете раце.

Фото: Pixabey

loading...