Како си го пожолтев детето со многу моркови во исхраната

Верувајќи дека што повеќе зеленчук и овошје е толку поздраво, на син ми кога беше мал постојано му давав моркови...И толку пожолте што помислив дека има жолтица...До морковите било

0
290

Кога станува збор за здрава исхрана за деца, родителите обично мислат дека станува збор за поголеми количини свежо овошје и зеленчук и дека треба да се избегнуваат слатки и грицки. Сепак, не треба да претерувате со ништо, а корисноста на храната често зависи и од времето кога се консумира.

На пример, кога син ми беше малечок јас постојано му давав моркови, особено откако почна да носи очила. Нели, морковите се меѓудругото, добри за видот….Еден ден тој беше толку пожолтен што помислив дека има жолтица. Излезе дека жолтилото е последица од премногу моркови.

Така дознав дека премногу моркови во исхраната можат да предизвикаат проблеми, како што е каротенемија. Каротенот е молекула која ги топи мастите и прекумерните количини се акумулираат во надворешниот дел од кожата, што резултира во портокалово обојување на кожата на дланките, стапалата, колената и околу носот.

За среќа, лекот е едноставен – помалку моркови, односно, умерено.

Како замена за чоколади и други слатки, најпаметно е на децата да им се дава суво овошје. На пример, сувото грозје е одлична замена за слатките, но сепак треба да се избегнуваат во вечерните часови затоа што како и другото суво овошје, тие содржат големи количини шеќер, што ги прави децата поживи и потешко заспиваат.

Одредени видови зеленчук, како брокула, грав и кисели краставички содржат супстанции познати како салицилати. За нив се верува дека можат да предизвикаат немир и проблеми со концентрацијата кај децата кои инаку се склони кон недостаток на концентрација. Ова не значи дека брокулата треба да се отстрани од менито, но не треба да се претерува. Според некои истражувања, кељот е исто така храна со која не треба да се претера, бидејќи прекумерните количини можат да предизвикаат хипотиреоидизам (забавена работа на штитната жлезда).

Некои зелени зеленчуци, како кељот, содржат гоитроген кој може да ја забави функцијата на тироидната жлезда, но тоа се случува кога се јаде во многу големи количини, кои е тешко дека едно дете може да ги изеде.

Спанаќот е богат со протеини, растителни влакна, витамини и минерали, но исто така содржи големи количини на оксалат, супстанција која поттикнува формирање на камења во бубрезите, па дури и со него треба да се биде умерен.

Премногу портокали и домати може да предизвикаат гастроезофагеален рефлукс. Затоа, експертите советуваат не повеќе од два на ден.

Премногу леб, исто така, може да биде проблем затоа што содржи голем број вештачки адитиви. Чест конзерванс е калциум пропионатот што може да предизвика гастроинтестинални инфекции, затнување на носот и несоница.

Фото: Pexels

loading...