Како тинејџерите го поднесуваат разводот на родителите?

Одговорот на ова прашање би бил накусо: потешко од самите родители. И затоа еве неколку совети од Ана Кандера Шољага, хрватска психотерапевтка, која се занимава со оваа тема во својата книга Тинејџери, Практичен водич за родители

0
87

Тинејџерите чии родители се разведуваат имаат разнишана верба во љубовта, блискоста, одговорноста и посветеноста, накратко, во сите оние вредности што се обидуваме да ги научиме. Тие се чувствуваат изгубено и без цел, затоа обрнете внимание на тоа да не им отежнувате, туку да се придржувате до овие насоки:

Никогаш не им кажувајте дека се разведувате затоа што е тоа подобро за децата (дури и ако е вистина)
Нека не ве лаже тоа што можеби изгледа дека вашиот тинејџер е добро само затоа што не создава проблеми и молчи. Обично токму тоа е аларм дека тој воопшто не се справува со целата ситуација, па затоа се повлекува во себе.
Преземете одговорност за сегашното животно сценарио, без да ги обвинувате сите други за тоа.
Не го клевете другиот родител на детето, ниту пред детето.
Во никој случај не го претврорајте детето во гласник кој ќе му ги пренесува вашите пораки на вашиот поранешен партнер. Ако не сте подготвени директно да се соочите, користете е-пошта или некоја друга форма на преписка.
Не го претворајте детето во пријател или психотерапевт.
Обезбедете стручна помош и за себе и за вашиот тинејџер.

Фото: Pexels

loading...