Вака функционирале училиштата пред повеќе од 1 век, додека владеела туберкулоза

Експериментот покажал апсолутен успех на практично сите полиња и што е најважно - ниту едно дете не се разболело. Ниту од настинка. Каква врска има тоа со коронавирусот? Дали е ова едно од можните решенија?

0
504

На самиот почеток на 20 век, низ американските градови харала туберкулоза, која била особено фатална за децата и младите од сиромашно потекло. Во 1907 година, Мери Пакард и Елен Стоун, лекари од најмалата американска држава Роуд Ајленд, дошле до идеја како да ја спречат или барем да ја ублажат трансмисијата на туберкулоза меѓу децата. Пред тоа, тие две основале Лига за сузбивање на туберкулозата во својата држава.

loading...