Како функционира тајната служба на Дедо Мраз?

Што мислите, како размислуваат децата во врска со тоа кој и како проценува дали биле добри или лоши, од што конечно и зависи дали ќе го добијат посакуваниот подарок за Нова година или за Божиќ? Дали вашите деца веруваат во Дедо Мраз?

0
127

Британскиот психолог Кристофер Бојл и австралискиот социолог д-р Кејти Мекеј ги советуваат родителите да престанат да им кажуваат на децата дека Дедо Мраз е вистински лик затоа што, според нив, таквата „лага“ може да го уништи нивниот однос со детето и да ја разниша неговата доверба во нив.

Бојл и Мекеј исто така, гледаат негативно и на приказната за „ужасната“ тајна служба која работи на Северниот пол и оценува дали децата биле добри или лоши.

„Ако родителите можат да лажат за нешто толку посебно и магично, дали може да им се верува како на морални личности и во други ситуации“, се прашуваат научниците во списанието „Lancet Psychiatry“.

Во исто време, тие претпоставуваат дека родителите не се поттикнати од нивните деца за приказните за Дедо Мраз, туку од себичната желба да го преживеат повторно своето детство.

Проф. Бојл од Универзитетот во Ексетер вели: „Проблематичен е моралниот аспект на нашата желба децата да веруваат во вакви митови. На крајот, сите деца откриваат дека со години доследно ги лажеле, што ги тера да се запрашаат за што друго ги лажеле нивните родители. Можеби таквата „лага“ на некои деца ќе влијае многу негативно“.

Д-р Мекеј од австралискиот универзитет во Нова Англија вели дека евиденцијата за гледаноста на филмовите за Дедо Мраз укажуваат на нивната потсвесна желба повторно накратко да се вратат во детството.

„Уживањето на возрасните во филмовите како оној за Хари Потер, Ѕвездените патеки и доктор Ху укажува на нивната потсвестна желба за кратко да се вратат во детството“, вели Мекеј.

Во написот под наслов „Прекрасна лага“, авторите пишуваат: „Кога станува збор за расказите за Дедо Мраз, можеби најголемата морална грешка е што вистината мора еднаш да излезе на виделина“.

„Децата на крајот откриваат дека нивните родители со години ги лажеле. Вистината ја дознаваат од некој друг или од родителите на кои на крајот ќе им здодее да ги лажат за Дедо Мраз. И двете работи можат да влијаат врз нарушувањето на довербата меѓу родителите и децата. Ако ме лажеа за Дедо Мраз, иако со добри намери, што друго било лага? Ако Дедо Мраз не постои, дали се самовилите реални? Дали има магија?“, се прашањата што ќе си ги поставуваат децата.

Иако многу возрасни копнеат по времето кога фантазијата била прифатлива и се поттикнувала, тие мораат да сфатат дека еднаш мора да пораснат, заклучуваат Бојл и Мекеј.

Фото: Pixabey

loading...