Кампања на скопската зоолошка градина: Креирај и донирај!

Зоолошката градина во Скопје почнува со проект за разубавување на зоолошката и на живеалиштата на животните

0
40

„Зоолошката градина во Скопје започнува со кампања за разубавување на зоолошката, како и збогатување на реквизитите за животните.
Секој кој е креативен, сака животни, или пак поседува нешто што може да го подари, е добредојден да помогне.
Графитџии кои би ги разубавеле ѕидовите, уметници кои би ги развеселиле патеките, скулптори кои би ни направиле статуетки-животни, креативци кои би изработиле играчки и реквизити за животните, општествено-одговорни компании кои би донирале алат или други средства за одржување на зоолошката, одгледувачи кои би подариле цвеќе и дрвца, хуманитарци на кои веќе не им се потребни старите транспортери и кафези за мали животни… Сите сте добредојдени!

Ајде заедно да ја разубавиме Зоолошка градина Скопје. Затоа што е наша, заедничка на сите“, порачуваат од скопската зоолошка градина.

Кампањата ќе трае до 30 март, а секој кој ќе придонесе за новиот имиџ на Зоолошка ќе добие табличка со своето име на ѕидот на пријателите и помагачи на Зоо Скопје.

Доколку сакате да креирате и донирате, јавете се на 070/688-014.

loading...