Канадски хотел нуди 18 годишен бесплатен престој за оние кои ќе направат бебе на Валентајн

0
182

Ако ништо не ве расположува како бесплатен хотелски престој, имате среќа.

Според Си-Ен-Ен, хотел Зед, хотелски синџир во канадската покраина Британска Колумбија и има специјална понуда за двојки кои имаат намера да направат бебе на Денот на вљубените.

Промоцијата „Nooner“ е достапна на хотелските локации во Викторија и Келоуна и трае од 10 часот наутро до 2 часот по полноќ на 14 февруари. Сите двојки кои можат да најдат време во тој период, може да резервираат.

Но, има и екстра понуда – бесплатен престој во хотелот ако девет месеци по првото пријавување во хотелот, двојките добијат бебе. Понудата ќе важи за следните 18 години.

Извршната директорка на хотелот, Менди Фармер, ја добила идејава кога нејзините деца биле мали и се борела да најде слободно време за својот сопруг и за себе.

– Мислам дека не можеме насила да убедиме некого да има дете, но ако сериозно размислувате за проширување на семејството, зошто да не се обидете? Ако успеете, ќе го славите зачнувањето на вашето бебе цели 18 години, вели Фармер.

Текстот и фотографијата се од ТУКА.

loading...