Капките за нос не се деца

На децата на возраст под шест години не треба да им се ставаат капки во носот, а децата до 12-годишна возраст може да ги користат само кога е непходно, предупредуваат докторите.

0
435

Назални деконгестиви се лекови кои се користат за да се спречи прекумерно лачење на секрецијата во носот. Тие не влијаат врз причините што го предизвикуваат, но можат да ги ублажат непријатните придружни симптоми на вирусните и бактериски респираторни инфекции.
Но, родителите не треба да им ставаат капки во носот на децата под шест години, а кај децата на возраст меѓу шест и 12 години можат само ако е неопходно, предупредуваат лекарите во една студија објавена во Британскиот медицински журнал.
Доказите за ефикасноста на овие лекови се ограничени, но бидејќи повеќето настинки и вирусни респираторни инфекции поминуваат за седум дена, лекарите препорачуваат дека проблемот со затнат нос кај децата се решава на друг начин.
Децата во просек добиваат шест до осум такви инфекции годишно, додека возрасните имаат две до четири. Но, студиите покажале дека иако симптомите се непријатни, децата не можат да дишат правилно, ниту да спијат, не треба да им се ставаат капки, бидејќи тие не се безбедни.
„Во студијата се наведува дека тие не треба да им се препишуваат на деца помлади од 12 години, бидејќи доказите за нивната ефикасност се ограничени, а постојат одредени ризици”, пишува британскиот „Мирор“.
Растворот од сол е сосема безбедно решение, иако е нешто помалку ефикасно. Ова значи дека децата може да стават физиолошки раствор во носот без ризик, дури и кога станува збор за бебиња. Во овие случаи, физиолошкиот раствор ќе помогне да се исчисти носот и не може да ги оштети фините крвни садови или слузокожата на носот.
Капките за носот не треба да ги користат неконтролирано ниту возрасните. Тие никогаш не треба да се користат повеќе од седум дена. Во спротивно, ќе ви биде уште полошо.

loading...