Кинеско бебе родено 4 години по смртта на родителите

Бебето е родено во Кина од сурогат мајка четири години откако неговите родители загинале во сообраќајна несреќа, објавија кинеските медиуми.

0
639

Двојката, која починала во 2013.година, замрзнала неколку ембриони со надеж дека ќе имаат дете преку ин витро метод.

По несреќата, нивните родители се бореле со продолжена правна битка за да им биде дозволено да ги користат ембрионите.

Момчето е родено во декември од сурогат мајка од Лаос, а Пекинг њус први го објавија случајот оваа недела.

Весникот објаснил како недостатокот на претходен случај од ваков вид ги принудил родителите на починатата двојка да се борат по судски пат пред да се реализира сурогатството.

Во време на несреќата, ембрионите се чувале безбедно во болницата во Нанџинг, замрзнати на минус 196 степени во резервоар за течен азот.

Судската битка им дала на четворицата баби и дедовци да добијат право над оплодените јајца.

Според извештаите, немало претходен случај за може врз основа на тоа тие да ги наследат замрзнатите ембриони на нивните деца.

На крајот ги добиле ембрионите, но не траеше долго додека не се случи следниот проблем. Ембрионите можат да бидат земени само од болницата во Нанџинг, ако има доказ дека ќе бидат чувани во друга болница.

Но, со оглед на правната неизвесност околу нетрансплантираните ембриони, тешко било да се најде друга медицинска институција во Кина која ќе сака да се вклучи во случајот.

Со оглед на тоа што сурогатството е нелегално во Кина, единствената реална опција била да се побара излез надвор од границите на земјата.

На крајот, идните баби и дедовци работеле со агенција за сурогатство и се одлучиле за Лаос, кадешто комерцијалното сурогатство е легално.

Бидејќи ниедна авиокомпанија не сакала да прифати шише со течен азот со големина на термос, скапоцениот товар морал да се транспортира со автомобил.

Во Лаос, ембрионот бил всаден во утробата на сурогат-мајка и во декември 2017 година се родило момчето.

Државјанството на детето, кое се вика Тјантиан, било уште еден проблем иако тој не е роден во Лаос, туку во Кина – од сурогат-мајка која отпатувала таму со обична туристичка виза.

Без родители за да го докажат родителството, бабите и дедовците морале да дадат крв и да направат ДНК-тестови за да се утврди дека бебето е навистина нивен внук и дека и двајцата родители биле кинески државјани.

loading...