Кога бебе? Ајде, правете второ дете, ви порасна ова!…

Не знаете дали тој пар страда од неплодност. Не знаете дали претрпеле загуба по загуба и очајно сакаат да имаат деца, но тоа не се случува. Не знаете дали со поставувањето на тоа прашање само ги потсетивте на едно од најболните искуства што ги имале. Ве молиме, најдете друга тема за дискусија.

0
256

Меган Кардвел напишала потресно писмо во кое сака да ги предупреди луѓето да не ги испрашуваат другите парови кога ќе имаат деца. Прочитајте го нејзиното писмо подолу.

„Никогаш не ги прашувајте паровите кога ќе имаат бебе! Дали го прочитавте ова? Ако го прочитавте, вратете се и прочитајте го повторно. И продолжете да го читате сè додека не престанете да ги прашувате паровите кога ќе имаат дете.

Не знам зошто луѓето сметаат дека е соодветно да прашаат некоја двојка кога ќе има бебе, без разлика дали станува збор за нивното прво, второ или петто дете. Таквиот упад во личниот живот на паровите е несоодветен. Дали разбирате што всушност прашувате? „Дали имате секс само за задоволство? Или имате секс за некоја цел?“

Зарем овие прашања не ви изгледаат срамно како на мене?

И погодете што? Не секој пар сака деца. И тоа е во ред. Не секој пар може да има деца. И тоа не е во ред. И прашањето за тоа носи неискажана болка за која не знаете ништо. Болката што тогаш е во преден план за овој пар, кој сега се обидува да одлучи како да одговори љубезно, истовремено спречувајќи да не се распаднат уште малку. Срам да ви е.
Прашања или изјави од типот: „Ох, тој / таа има една година, па кога ќе имате уште едно бебе?“ „Сигурно не сакате тие да имаат голема разлика во годините, такашто навистина мора да почнете да размислувате за тоа. „Дали се обидувате? Или, едноставно, не сте внимателни и ако се случи, се случи?“

Зошто на луѓето им е толку нормално да се впуштаат во анализирање на сексуалниот живот и планирање на семејството на другите луѓе? Сакаат да знаат кога сте направиле некој акт и дали тоа било спонтано или со знаење дека можеби сте имале овулација.

Слушајте сите! Случувањата помеѓу мојот сопруг и мене во нашата спална соба и нашето планирање на семејството навистина не ве засегаат. Ако некој чувствува дека сака тоа да го направи своја работа, бидете подготвени и јас да влезам во вашите животи исто како што и вие влеговте во нашите. И знаете што е шокантно? Бев прилично искрена во врска со мојот последен спонтан абортус, мислејќи дека како дополнителен бонус некако може да ме заштити од луѓето што се сместуваат во мојата спална соба со мене и со мојот сопруг. Но, луѓето беа љубопитни дури и тогаш. И тие продолжуваат да бидат љубопитни, и покрај тоа што знаат за тажната загуба со која ќе морам да се справувам до крајот на мојот живот. Само што ќерка ми Адисон наполни една година, одеднаш тоа беше нормална и вообичаена тема на разговор за речиси сите.
И, всушност, боли. Ме боли кога луѓето ме прашуваат, особено тие што знаат низ што сум поминала. Го изгубив моето второ дете. И покрај молбите и молитвите и солзите, го изгубив. И секогаш кога ќе ме прашате кога ќе родам уште едно бебе, се потсетувам на тоа. Се потсетувам на болката, на крвта и загубата што сè уште не сум ги прифатила.

Затоа, пред да планирате да го прашате парот кога ќе имаат деца или дали ќе пробаат нешто друго, само застанете. Не знаете што се случува зад затворени врати и не треба да знаете, освен ако не ви бидат понудени тие информации. Здодевно е и фрустрирачко. Не знаете дали тој пар страда од неплодност. Не знаете дали тој пар претрпел загуба по загуба и очајно сака да има деца, но тоа не се случува. Не знаете дали со поставувањето на тоа прашање само ги потсетивте на едно од најболните искуства што ги имале. Ве молиме, најдете друго прашање, друга тема за дискусија. Пронајдете нешто друго и никогаш повеќе не поставувајте му го ова прашање на ниту еден пар“.

Фото: Pexels

loading...