Кога е време за првиот сладолед?

Индустриските сладоледи содржат адитиви и шеќери, но домашниот сладолед може да им се понуди на децата веќе од навршувањето на една година затоа што комбинацијата од овошје и млеко или јогурт може да биде добер меѓуоброк.

0
94

Сладоледот го сакаат и возрасните и децата, но како и кај повеќето десерти, родителите се прашуваат кога треба да им го понудат на најмалечките. Еве и два рецепти за домашен сладолед

Сладоледот е неопходен дел од летната исхрана, па затоа честопати родителите се прашуваат кога може да им го дадат на најмалите. Иако, нема точни препораки, заради повисоката содржина на шеќер и температурата на производот, не се препорачува да се дава на дете пред навршување на една година па дури и нешто подоцна.

Во првата година, исхраната треба да се заснова на природна храна и да се избегнува индустриска храна, како што се слатки и грицки. Индустриските сладоледи содржат адитиви и шеќери, но домашниот сладолед може да им се понуди на децата веќе од навршувањето на една година затоа што комбинацијата од овошје и млеко или јогурт може да биде добер меѓуоброк.

Поголемите деца можаат слободно да го консумираат затоа што може да биде добар млечен оброк. На крајот на краиштата, станува збор за млечен производ, односно многу хранлив десерт, и нутритивно е секогаш добро да се збогати со парчиња свежо овошје (боровинки, кајсии, праски, јагоди и слично). Важно е да се напомене дека во текот на летото храната се расипува многу побрзо и полесно, поради што е добро да се следат едноставни упатства: секогаш добро да ја прегледате храната, да купите помали количини на расиплива храна, да ја чувате правилно и да ја подготвите непосредно пред консумација.

Рецепт за класичен сладолед од ванила

Состојки:

200 мл млеко

200 мл слатка павлака

50 г шеќер

3 жолчки од јајца

неколку стапчиња ванила

Приготвување:

Изматете ги жолчките со шеќер. Загрејте го млекото со павлаката и стапчињата ванила. Пред да зоврие, извадете ја ванилата, истурете во садот со јајцата, постојано мешајќи. Смесата ставете ја на пареа и мешајте додека не згусне. Оставете да се излади, а потоа ставете го во замрзнувач еден до два часа.

Кога кремот ќе се стврдне, извадете го од чинијата, измешајте на мала брзина неколку минути. Вратете го во замрзнувачот и повторете ја постапката два – три пати во интервали од еден час.

Фото: Pexels

loading...