Кога и дали девојчињата треба да се шминкаат?

Под влијание на средината и сѐ што ве опкружува, вашата ќерка може да ве изненади со барањето да ѝ купите шминки, руменило и сенки многу порано отколку што мислите дека треба.

0
201

Тешко е да не се растажите кога ќе ги видите првите знаци дека вашето девојче пораснало. Трагите на шминка на нејзиното лице може да ве исфрли од такт, па добро е да размислите кога е во ред да ѝ дозволите да почне да се шминка, од какви производи да се почне и како воопшто да се договорите со ќерката околу ова.

Што кога ќе почне пубертетот?

Иако притисокот од врсничките е поизразен и девојчињата почнуваат да се шминкаат сѐ порано, до шесто одделение нема никаква потреба за било какви додатоци на нивното младо лице.

Проблеми можат да се појават во пубертетот, кога хормоните „лудеат“ и кога се јавуваат првите акни. Предупредете ги такашто редовно ќе ја носите на дерматолог и на козметичар, по потреба и ќе ја поттикнете грижливо да си го негува лицето – така нема да има потреба да нанесува дебели слоеви пудра кои никако не ѝ прилегаат.

За сѐ постои време и место

Едно е сигурно – училиштето не е место за гламурозни и смели шминкерски потфати, особено не основното училиште.

Тука ќе имате голема помош од наставниците во училиштето – веројатно, силната шминка и лаковите за нокти не се дозволени, па вината можете да ја префрлите на наставниците, а можете да ѝ прогледате низ прсти за овие производи:

Тонирани лабела со овошни вкусови

Сјаеви за усни

Маскара

Малку коректор за проблематичните места

И се разбира, не за на училиште туку во случаи кога ќе оди на некој роденден или на прошетка со другарките, можете да ѝ дозволите неупадлива шминка.

Ако во основното училиште почнала од поблаги, тонирани лабела, прва пригода за посериозна шминка ќе биде малата матура. Тука веќе можете да направите отстапка и да ѝ помогнете за оваа посебна вечер да стави ајлајнер и некој понежен кармин. Во средното училиште веќе се смета дека ќе биде способна и самата да одлучува, па погрижете се дотогаш да ги научи основните правила: што ѝ прилега, што не ѝ прилега, и дека секогаш пред спиење мора да ја избрише.

 Понудете ѝ алтернатива

За училиште нека одбира нежна, дискретна козметика, затоа што е таа сепак сѝ уште дете.

Дозволете ѝ креативно да се изрази

Во последно време, младите блогерки имаат огромен број прегледи на јутјуб и се многу популарни на Инстаграм. Тие користат тешка шминка за потреби на снимањата: нанесуваат пудра, силни бои на очите, впечатлив кармин, руменило, хајлајтер.

Нормално дека на девојчињата сето ова им изгледа привлечно и возбудливо, но нема никаква потреба за толку тешка шминка. Не само што младата кожа е и натаму поштедена од неправилности како што се брчки, дамки и црвенило, туку и не постојат пригоди за кои тие би требало толку многу да се дотеруваат и да се шминкаат.

Но сепак, тука има и нешто уметничко: деталите кои девојките се во состојба да ги насликаат на своите капаци се навистина неверојатни. Нема ништо лошо да ѝ дозволите на вашата ќерка кога е дома да биде креативна и да проба да го наслика своето лице и да стави на него милион бои. Секако, погрижете се потоа да ја избрише шминката и водете сметка да не ѝ се појави алергиска реакција.

Последните одделенија од основното училиште е време кога вашето дете ќе посака да експериментира со шминката, и во контролирани услови овозможете ѝ го тоа – но неколку години подоцна.

loading...