Кога најрано можете да забележите дека детето пелтечи?

Пелтечењето може да се појави во периодот на интензивен развој на говорот, односно, во периодот помеѓу втората и третата година од животот на децата. Во таа фаза детето сака да каже многу работи, но се уште не е подготвено за спретна моторичка изведба на зборовите или речениците кои сака да ги изговори.

0
321

Во текот на говорно-јазичниот развој уште од најрана возраст кај некои деца можеме да забележиме дека не зборуваат како другите деца. Пелтечењето најчесто почнува во детството но може да се појави и во било кој животен период. За да разбереме воопшто што е тоа пелтечење, прво мора да знаеме каков е тој говор за кој можеме да кажеме дека е течен.

Зошто детето почнува да пелтечи?

Течен говор е оној говор во кој ускладените движења на говорните органи обликуваат правилен ритам, висина, нагласок и мелодија на зборовите или речениците. Па така пелтечењето го дефинираме како синдром на бројни обележја ма говорното, јазичното, психолошкото, телесното и социјалното подрачје. Силината на пелтечењето варира од поблаги облици па се до тешки облици на пелтечење кои го попречуваат секојдневното функционирање.

Пелтечењето во детската возраст  може да се појави во период на интензивен развој на говорот, односно во период помеѓу втората и третата година од животот на детето. Во таа фаза детето сака да каже многу работи, но се уште не е подготвено за спретна моторичка изведба на зборовите или речениците кои сака да ги изговори.

Па така често можеме да слушнеме како детето подзастанува во говорот, како повтроува делови од говорот, како се колеба уфрла разни изрази, ги продолжува гласовите.

Почесто кај момчињата

Логопедот е тој што ќе процени дали тоа дете навистина ќе пелтечи еден ден или е тоа само минлива фаза на нормалниот говорен развој. Причините за пелтечењето се разновидни и различно влијаат врз секој од нас. Многу е битно да се знае дали постои некој во семејството кој пелтечи, дали детето што пелтечи имало некое стресно случување во животот. Колкава улога игра генетиката, а колкава надворешните влијанија, е тешко да се одреди.

Познато е дека пелтечењето почесто се јавува кај машките, отколку кај женските лица. Пелтечењето се јавува кај три до пет отсто од децата, додека пелтечењето првпат во возрастниот период од животот се јавува многу ретко (пет отсто од случаите во пубертет или во возрасен период). Кај децата, но и кај возрасните имаме различни типови на пелтечење. Секој од нив одразува различни физички и психички симптоми. Низ тераписка постапка, логопедот е тој кој мора многу добро да знае да го процени детето, родителите или возрасната личност со која работи. Најважно е покрај логопедска терапија да се знае што и како да се прави дома затоа што без поддршка во позадина не може да има напредок.

Некои тераписки постапки се темелат токму на работа со родителите затоа што се тие клучен фактор во говорнојазичното и воопшто во целокупниот развој на детето. Ако забележите дека детето не е течно или дека покажува некои знаци на пелтечење, треба што побргу да се обратите кај стручњак. Дома не му го вртите вниманието на детето на неговиот говор, обезбедете му мирна атмосфера, играјте си со него, обидете се колку што е можно помалку со својот израз на лицето да покажувате дека нешто не е во ред, запознајте ја околината со проблемот на детето.

Пелтечењето е сложен проблем на кој мора да сер работи на повеќе нивоа, па се потребни трпение и упорност најмногу на оние кои мораат да се соочат, да се запознаат, но и да се прифатат себеси како личност која пелтечи.

loading...