Кога не е во ред да ги лажете вашите деца, а кога е оправдано?

Повеќето родители имаат арсенал од мали бели лаги што ги користат за да ги заштитат своите деца (или да си го спасат својот разум). И тоа е сосема во ред!Проблемот настанува кога родителите лажат за потешки теми како што се смртта или разводот.

0
66

Во многу ситуации родителите можеби мислат дека кажувајќи им некоја лага, им прават добро на своите деца и на тој начин ги заштитуваат нив и нивните чувства, но всушност, ги лишуваат од емоционален развој.

Да не спомнуваме и дека со тоа ја пропуштаат шансата да изградат доверба и комуникација помеѓу себеси и своите деца.

Кога треба да ја кажете вистината, а кога е во ред да излажете? Овој водич нека ви помогне да си одговорите на тоа прашање.

Смрт

Не е во ред: Без разлика дали станува збор за смрт на четириножниот пријател или за смртта на баба/дедо, никогаш не е лесно да му се каже на детето дека сте изгубиле некој сакан. Но, ако се користат метафори или ако се избегнува темата, само ќе се направи поголем проблем во иднина. Подобро е да се каже вистината, но да се приспособи разговорот на нивната возраст. Ако сте исплашени од отворањето на темата, има многу книги и прирачници со совети што може да ви помогнат.

Од каде доаѓаат бебињата

Не е во ред: Полесно е да му ја кажете на детето приказната за штркот наместо за сексот, но ако се избегнува таа тема, тоа може да предизвика збунувачки, негативни гледишта кај детето во врска со сексот и претставата за телото и физичкиот изглед. Сепак, овој разговор не треба да се претвори во час по биологија. Почнете со тоа дека во стомакот на мама расте јајце. Потоа, како што вашето дете станува постаро и позрело, можете да дадете поконкретни детали.

Дедо Мраз

Во ред е: Иако би сакале родителите да добиваат заслуги за сите подароци, исто така е во ред ако им кажеме дека за нив е заслужен човекот во црвен костум.

Зошто? Бидејќи Дедо Мраз помага во негувањето на имагинацијата и ги одржува децата невини уште некое време.

Развод

Не е во ред: Децата се попроникливи отколку што ние мислиме и може да согледаат дека нешто се случува помеѓу нивните родители. Ако се обидувате да им кажете дека вие и вашиот партнер сè уште се сакате, голема е веројатноста дека нема да ви веруваат. Да не ја споменуваме и лажната надеж која може да ја добијат дека вие двајца некогаш повторно ќе бидете заедно.

Зеленчук во вечерата

Во ред е: Тука лажењето нема да ги повреди, напротив – само може да ги поттикне да јадат повеќе зеленчук, што е добро за нивното здравје.

Вашето минато

Во ред е: Некогаш ќе треба да разговарате со вашиот тинејџер за дрога и алкохол, и може да бидете прашани дали вие сте експериментирале со тие работи додека сте биле млади. Кажете им ја вистината, особено ако имало негативни последици – тоа може да го отстрани искушението. Но, ако не се чувствувате пријатно или не сте сигурни како да објасните, тогаш можеби е подобро некои работи од минатото да си ги задржите за себе.

Отсутни родители

Не е во ред: Ако вашиот партнер замине и го напушти семејството, можеби е за вас мртов, но тоа не значи дека истото треба да му го кажете на детето кога ќе праша каде е неговиот татко или неговата мајка – зашто ако некогаш партнерот се врати, тогаш ќе имате голема тешкотија да му ја објасните кажаната лага.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pexels

loading...