Кога почнуваат трудничките желби за храна и кои од нив не се добри?

Трудничките желби за различна храна обично се најсилни во текот на второто тримесечје и исчезнуваат по породувањето. Најмалку половина од бремените жени одеднаш чувствуваат потреба за некаков вид на исхрана, а одредена храна или вкусови може да бидат сигнал за посериозни здравствени проблеми. Без оглед на тоа што ви треба, слатко, солено, зачинето или сѐ од горенаведените, овој порив не може да се игнорира.

0
127

Иако во принцип, желбите за храна кај бремените жени обично се појавуваат во второто тримесечје, тие можат да започнат многу порано и можат да траат во текот на целата бременост. Без оглед на тоа кога ќе се појават, во второто тримесечје го доживуваат врвот, заедно со отечените зглобови и болки во грбот. Според гинекологот Ерин Хигинс, кој е специјализиран за акушерство, овие желби после породувањето значително се намалуваат и многу често исчезнуваат.

Причините за појава на поривот се поврзани со многуте хормонални, психолошки и физички промени што се случуваат за време на бременоста. Затоа, не е лесно да се утврди која е точната причина.

„Желбата за храна не е добро сфатена“, вели Хигинс, додавајќи: „Најверојатно е поврзана со хормоналните флуктуации и можно е да претставува одредена нутритивна потреба за натриум, калциум или маснотии“.

На пример, желбата по краставици може да значи дека на вашето тело му недостасува натриум. Се разбира, може да значи и дека сте само расположени за краставици.

„Покрај тоа, може да дојде и до некои промени во сетилата за мирис и вкус кои ќе доведат до различни нагони или аверзии кон одредена храна“, објаснила Хигинс. Покрај овие вообичаени нагони, можно е да се чувствуваат нагони кон некоја необична храна што би можела да биде аларм за претпазливост.

„Чудните пориви за неоргански, непрехранбени производи може да бидат индикатор за нутритивен дефицит во организмот“, истакнува Хигинс, и продолжува:

„На пример, жените кои имаат недоволно железо во крвта може да имаат порив за креда, глина, водени боици или земја. Овие нагони можат да бидат многу интензивни “.

Ако имате таков порив, треба да разговарате со вашиот лекар и во секој случај, обидете се да му одолеете, бидејќи многу од овие работи содржат токсични материи за плодот и за самата жена.

Исто така, ако има сериозен пад на квалитетот на исхраната, може да биде неопходна интервенција. Како што вели Хигинс, понекогаш треба да пронајдете поздрава алтернатива за нешто за што копнеете. Тука од голема помош можат да ви бидат нутриционистите кои можат да дадат совет или да го испланираат најдобриот модел на исхрана. И на крај, балансираната нутритивна исхрана е важна и за бремената жена и за плодот.

Ако на пример, не сте внимателни при внесувањето на калории, може да се изложите на ризик од добивање на гестациски дијабетес.

Се разбира, тоа не значи дека нема да имате здраво бебе, но може да ви предизвика многу проблеми како што се висок крвен притисок кај вашето бебе или висок или низок крвен притисок кај мајката. Ако ви се чини дека копнеете по намирници кои не се вообичаени или може да бидат опасни, побарајте медицински совет. Она што го сакате е вие и вашето бебе да бидат што е можно посилни и поздрави.

Фото: Unsplash

loading...