Кога природата ќе згреши па ќе ти даде и машки гениталии и женски органи

Осумнаесетгодишна трансексуална тинејџерка, родена со машки гениталии, е бремена во 4 месец. Минатата година, таа била подложена на тестови кои покажале дека има женски репродуктивни органи.

0
582

18-годишната Мајки Шанел од Масачусетс се претставува како жена. Таа израснала во тело на момче, родена е со машки гениталии, но вели дека отсекогаш се чувствувала како жена.

Додека Мајки сè уште била во матката, на нејзините родители им било кажано дека очекуваат девојче. Се разбира, сите биле шокирани кога се родило момче.

„На сите секогаш им беше јасно дека сум различна. На пет години играв со женски чанти и ставав кармин на усните. Никогаш не се чувствував како момче. Имам женско тело, колкови и задник, а единствени исклучоци се влакната на лицето”, вели Мајки.

На 13-годишна возраст, Мајки започнала да кажува дека е хомосексуалка, а потоа сфатила дека е и транссексуалка. Минатата година, била подложена на тестови кои покажале дека има женски репродуктивни органи.

„Се чувствував чудно кога уринирав после секс, па отидов на ултразвук. Ми рекоа дека имам матка, грло на матката, јајници и јајцеводи и дека можам да останам бремена. Мислев дека е шега, но тоа се случи”, додава таа.

Имено, Мајки е бремена во четврти месец и објавила дека очекува момче.

Неа ѝ бил дијагностициран синдром на перзистентни Милерови канали (ПМДС), ретка состојба во која едно лице има машки гениталии, но женски репродуктивен систем. Лекарите ја советувале да направи хистеректомија, хируршко отстранување на матката, бидејќи луѓето со ПМДС се повеќе склони кон рак и тумори.

„Отсекогаш знаев дека сакам да станам родител. Затоа поминав низ низа процедури за оплодување”, објаснува таа.

Донаторската сперма била инјектирана директно во јајцето за да се оплоди. Три оплодени јајца биле всадено ви јајцеводот директно низ стомачната празнина затоа што Мајки нема вагинален отвор.

Мајки вели дека едвај чека да биде родител и да надомести сè што нејзините родители не ѝ дале додека била дете.

„Се чувствувам поженствено од кога било“, заклучила таа.

Фото: Инстаграм

loading...