Кога ќе го земеме мобилниот во рака, го зголемуваме стресот кај детето

На кој начин реагираат децата кога во стресни ситуации родителите ќе се свртат кон дигиталните уреди и како можеме да ги спречиме овие несакани последици, ни откриваат научниците.

0
95

Детето константно плаче заради еден мал набор на чорапата. И без оглед колку се обидувате да ја затегнате, некако повторно се враќа на истото. Вие сакате некако да се исклучите од тој плач и нервоза. Го земате телефонот и го гледате видеото со мачката што ви го испратила пријателката. Детето плаче уште посилно. Дали ова ви звучи познато?

Иако телефонот ви дава моментално олеснување од стресот, тоа може на вашето дете да му го засили стресот, предупредуваат научниците.

Брендон Мекденијел и коавторката Џени Радески проучувале 172 семејства во кои децата имале до пет години, за да го сфатат влијанието на дигиталните уреди врз одгледувањето на децата. Истражувачите ги испитувале родителите за нивото на стрес, однесувањето на децата, и колку уредите во текот на денот им ги прекинуваат разговорите или активностите со децата.

Студијата донела заклучок дека ако родителите се свртат кон уредите кога се под стрес поради однесувањето на детето, децата почнуваат да се однесуваат уште полошо, што води кон тоа родителите да усмеруваат уште повеќе внимание на уредот.

Со текот на времето, овие деца можат да искажуваат лошо однесување за да се изборат за вниманието на родителите. Кога би го оставиле уредот во текот на интеракцијата со детето, би го прекинале тој круг.

Не е важно на кој начин почнало сѐ, дали се вртите кон уредот после бурната реакција на детето, или вашето дете реагира на тој начин на вашата задлабоченост во телефонот. Тоа ви е јамка околу вратот. Доколку го идентификувате делот кој е најлесно да се смени, можете да го пореметите целиот круг. На некои семејства најлесно им е да ја сменат интеракцијата со технологијата.

3 златни правила за користење на дигиталните уреди

Не е реално целосно да се исфрлат уредите од домот, но можете да влијаете на тоа колку ги користите. Еве неколку совети.

Секогаш одржувајте контакт со погледот. Мекденијел препорачува доколку не можете од некоја причина да го спуштите телефонот, тргнете го погледот од телефонот и усмерете го кон детето па кажете му дека морате само да го завршите тој мејл. Со тоа му велите: „Да, работам нешто, но ти си ми многу поважен од овој уред“.

Одредете зона без технологија. Различни зони во домот имаат поинакво значење за семејствата. Можеби ако имате помладо дете, ќе одлучите дека нема причина да влегувате во детската соба со телефон.

Распоред на времето. Разговарајте со семејството за активностите во кои како родители ќе ги оставите телефоните, на пример, за време на вечерата или за време на семејните прошетки.

Фото: Unsplash

loading...