Кога ќе ја запознаеме Стела?

Веројатно многу од вас имаат некое новородено душиче кое едвај чекаат да го запознаат. Бидејќи пандемијата влијаеше на многу аспекти од животот, луѓето ширум светот постојано изнаоѓаат солуции со кои ќе ја надмудрат. Еве како родителите им ги покажуваат бебињата на најблиските благодарение на една брилијантна идеја

0
167

Пандемијата на коронавирусот влијае на многу аспекти на животот, па така и на семејствата во кои пристигнала принова.

„Пред малку повеќе од месец се роди нашата Стела. Секако, редовно добиваме фотографии и видеа, но желни сме да ѝ го сретнеме погледот. Додека да се случи тоа, се тешиме дека истото им се случува уште на многу луѓе ширум светот“, вели една скопјанка.

Некои луѓе постојано изнаоѓаат различни солуции за да ги надминат пандемиските проблеми.

И токму во вакви случаи кога родителите треба да ги штитат новороденчињата, па нивните членови на семејството и пријателите веќе немаат можност да ги запознаат, еден мексикански претприемач смислил решение за проблемот.

Родителите сега можат да изнајмат стаклена кабина во која ќе бидат тие со бебето, а секој што сака да го види, може да помине покрај него со автомобил или пак можат сите да се соберат пред неа почитувајќи ја безбедната социјална дистанца.
На овој начин, бебињата на безбеден начин можат да им бидат покажани на семејствата и пријателите.

„Кабината се паркирана на дел од улицата за да можат луѓето да поминуваат покрај неа со автомобили. Кумовите, бабите и дедовците и блиското семејство можат да се приближат до стаклото и да го видат детето одблизу“, вели претприемачот Ернесто Гонзалес.
Цената на изнајмување кабина е 40 долари на час, а идејата веќе воодушевила многумина.

Фото: Инстаграм

loading...