Кои звуци го смируваат новороденчето?

Уште од првиот ден на својот живот бебето може да го препознае гласот на мајката и нејзиниот мирис, а ден-два подоцна и нејзиното лице. Меѓутоа, ако е мајката на пример принудена да го остави бебето старо неколку недели, детето ќе ја заборави после само неколку дена.

0
218

Мозокот на бебето почнува да регистрира луѓе и настани уште во првите денови по раѓањето. Како што расте детето, така расте и се развива и неговиот мозок, па тоа сѐ повеќе регистрира и помни.

Уште од првиот ден на својот живот бебето може да го препознае гласот на мајката и нејзиниот мирис, а ден-два подоцна и нејзиното лице. Меѓутоа, ако е мајката на пример принудена да го остави бебето старо неколку недели, детето ќе ја заборави после само неколку дена. Но како што напредува развојот на неговото помнење, така расте и неговата способност да памти сѐ повеќе лица и настани, а на возраст од околу две години неговото памтење станува трајно. Еве како тече развојот во првите две недели:

Возрасните во мислите постојано ги комбинираат минатото, сегашноста и иднината. Кога станува збор за тукушто родено бебе, работите се многу поедноставни: за него постои само сегашност, односно тоа мисли тоа што го слуша, мириса, чувствува, гледа – токму сега, овој момент. Многу стручњаци тврдат дека новороденчето може успешно да се смири со звуци слични на оние кои ги слушало додека било во матката, но постојат и такви кои тврдат дека бебето воопшто не се сеќава на времето додека било во стомакот на мајката.

Во прилог на ова наведуваат дека бебињата се смируваат и кога ќе слушнат пријатна музика, звук на автомобилски мотор или на правосмукалка, како и со отчукувањата на мајчиното срце, затоа што всушност сакаат ритмични звуци. Новороденчињата не можат да се сетат што се случувало пред само неколку часа, освен ако повторно не се најдат на потполно истото место. Според тоа, бебето би се сетило на својот престој во матката само ако повторно би се нашло таму. Сепак, звукот на отчукувањата на срцето може да им биде познат.

Фото: Pixabay

loading...