Кои лекови не смеат да им се даваат на децата?

Од мноштвото лекови кои се на пазарот, особено кога станува збор за лекови без рецепт, постојат лекови кои поради можните нуспојави, не би требало да му ги давате на своето дете.

0
329

Бебињата се почувствителни на лекови од возрасните. Да им се даде вистински лек во вистинско време не е толку едноставно. Од мноштвото лекови кои се на пазарот, особено кога станува збор за лекови без рецепт, постојат лекови кои поради можните нуспојави, не би требало да му ги давате на своето дете.

Еве кои лекови не би смееле да му ги давате на вашето дете.

Аспирин

Никогаш не му давајте на вашето бебе аспирин или било кој друг лек што содржи аспирин освен кога тоа го препорачал докторот. Аспиринот може да предизвика т.н. „Рејев синдром“, ретка но потенцијално смртоносна болест која обично настанува од вирусни воспаленија како воспаление на грлото или сипаници. Иако причината за оваа болест е и натаму непозната, студиите покажале дека децата кои земале аспирин во текот на болест предизвикана од вирус биле поподложни на овој синдром.

За грип, настинка и други болести предизвокани од вирус, користете лекови кои не содржат аспирин.

Лекови за возрасни

Да му се даваат на бебето помали дози на лекови наменети за возрасните е исклучително опасно. Бидете внимателни колку лек му давате на своето бебе. Доколку ознаките на лекот не укажуваат на соодветна доза за тежината и возраста на вашето дете, не му го давајте на детето.

Секој лек препишан за некој друг или за друга болест

Лековите на рецепт наменети за други лица (како брат или сестра на пример), или за лекување на други болести, можат да бидат неделотворни или дури и опасни ако им ги давате на децата. Користете исклучиво лекови кои му се препишани на вашето дете и на специфичната состојба (болест) од која боледува детето.

Лекови на кои им истекол рокот

Лековите на кои им истекол рокот на траење треба веднаш да се фрлат. Исто така, сите лекови (дури и ако се во рок) кај кои дошло до промена на бојата или на изгледот во однос на тоа кога сте ги користеле првпат, треба да се фрлат. По истекувањето на рокот на употреба, лекот повеќе не е делотворен и може да биде штетен.

Дополнителен ацетоминофен (парацетамол)

Некои лекови содржат парацетамол за намалување на температурата и болката. Доколку бебето го користи овој лек обрнете внимание да ја аплицирате препорачаната доза. Ако не сте сигурни каква е содржината на одреден лек (ацетаминофен или ибупрофен) додека не се консултирате со лекар.

Лекови кои се џвакаат

Таблетите за звакање и другите видови на лекови во облик на таблети претставуваат опасност од гушење за бебињата и за малите деца.

loading...