Колку време треба за да се направи бебе?

Еве колку често би требало да водите љубов, ако сакате бебе.

0
350

Ако се обидувате да забремените…веројатно знаете дека може да биде комплицирано. Следење на овулацијата, следење на изгледот на секретот, барање на пози во кои „најлесно се прави бебе“…

А колку често би требало да водите љубов за да останете бремени?

Секако, треба да следите кога ви се плодни денови, што би било неколку дена пред и неколку дена после овулација. Кога ви е овулација, најпрецизно се утврдува со вагинален ултразвук, но и домашните тестови за утврдување на плодните денови можат да бидат од полза.

Ако лекарот ви ја следи овулацијата два, три месеци, голема е веројатноста дека следните месеци и сами ќе умеете да препознаете плодни денови.

Студиите велат вака: ако имате секс секој ден во текот на плодните денови, имате околу 25 отсто шанси тој месец да останете бремени, а ако водитре љубов секој втор ден во тој период, веројатноста паѓа на 22 отсто.

Ако имате секс еднаш неделно, шансите да останете бремени во текот на тој месец се само 10 отсто.

Секако, нема никаква потреба да го ограничите водењето љубов само на плодниуте денови.

Истражувањата велат дека ако уживате во сексот колку е можно почесто, ги зголемувате шансите да останете бремени. Важно е само тоа да не се претвори во „задача“, бидејхќи тогаш ризикувате да бидете многу разочарани ако сепајк не ги здогледате „двете линии“ толку брзо колку што се надевате.

Идеално би било да водите љубов секој втор ден, така ќе бидете сигурни дека бројот на сперматозоиди е секогаш добар, а нема да ги „промашите“ плодните денови.

Но, ако после шест месеци обидување не останете бремени, обратете се кај лекарот.

loading...