Колку килограми е идеално да се добијат во бременоста?

Лекарите често предупредуваат дека некогашното правило „да се јаде за двајца“ е комплетно погрешно и дека идните мајки не треба да претеруваат со храната.

0
325

Според резултатите на едно британско истражување, дури половина од жените во бременоста добиваат 10 до 12 килограми.

Лекарите често предупредуваат дека некогашното правило „да се јаде за двајца“ е комплетно погрешно и дека идните мајки не треба да претеруваат со храната.

Колку килограми би требало да се добијат за време на бременоста може лесно да се пресмета и според индексот на телесна маса (BMI).

Жените со индекс на телесна маса помал од 18 ипол, а кои се првпат бремени, можат да добијат од 12 ипол до 18 кг, додека оние со индекс на телесна маса помеѓу 18 ипол и 24,9 можат да добијат од 11 ипол до 16 килограми.

Оние со индекс на телесна маса од 25 до 29,9 би требало да добијат од 7 до 11 ипол кг. Ако е BMI 30 и повисок, се препорачува помеѓу 5 и 9 кг.

Трудниците кои во првото тримесечје имаат мачнини не би требало многу да се здебелат, објаснуваат стручњаците.

Фото: Pixabey

loading...