Контроверзна мајка признала: Ги доев децата до шестата година и нема да ги вакцинирам

Адел Ален и нејзиниот сопруг не сакаат да ги вакцинираат своите деца затоа што Адел не верува во вакцини, а исто така велат дека би отишле во болница само доколку им е загрозен животот, пишува The Sun.

0
528

Адел Ален е мајка која стана позната откако нејзината ќерка се измочка среде емисијата This Morning.

Таа и сопругот Мет имаат три деца, Улис, Остара и Каи и живеат во Брајтон, Источен Сасекс. Нивното семејство предизвика интерес во јавноста откако тие ги открија своите родителски методи. Тие веруваат дека нивните деца, иако се сите помлади од десет години, имаат право самостојно да носат свои одлуки, па меѓудругото, сами одлучуваат кога да одат во кревет, дали ќе ги мијат забите и дали ќе одат на училиште.

Исто така, многумина биле изненадени кога Адел признала дека веќе 10 години без престан дои. Таа ги дои своите деца до најмалку шестгодишна возраст и не верува во замените за мајчино млеко.

Кога нејзиниот сопруг Мет признал дека не планира да работи, односно, „да троши 45 до 50 часа неделно на работа“ затоа што тоа не е „во неговата психа“ и дека нивното семејство е среќно со помошта што ја добива од државата, повторно се нашле на удар на критиките.

„Воглавно тоа е помош, но ние земаме најмалку пари, само за сместување и за децата. Мислам дека се тоа околу 190 фунти неделно. Јас навистина не мислам дека го искористуваме системот “, рекол Мет во тоа време.

„Имаме минималистичко влијание на општеството во многу аспекти. На пример, Адел не се породуваше во болница, па заштедивме на тоа“, тврди тој.

Тие не сакаат да ги вакцинираат своите деца затоа што Адел не верува во вакцини, а исто така велат дека би отишле во болница само доколку им е загрозен животот, пишува The Sun.

„Би ги однела децата во болница само ако е итно и мислам дека не можам тоа сама да го решам. Телото има свој имунолошки систем за борба против болестите и јас му верувам“, уверена е оваа мајка.

Фото: Фејсбук

loading...