Кофеинот го зголемува ризикот од абортус: намалете го дневниот внес на кафе

Жените кои се обидуваат да останат бремени или се веќе бремени, би требало драстично да го намалат внесувањето на кофеин за да го сведат на минимум ризикот од губење на бебето, предупредиле научниците од NHS.

0
88

Истражувањето кое го направил Националниот институт за здравје на САД спроведено е на повеќе од 1.200 жени. Утврдено е дека дури и мали дози на кофеин можат да го загрозат плодот.

Советот на NHS за сегашните и идни трудници е да испијат само две шолјички кафе дневно. Сѐ повеќе од тоа може да направи бебето да се роди со многу мала килажа, пишува Дејло мејл.
Истражувањето на Американците ќе биде претставено на конресот на Американското друштво за репродуктивна медицина кој ќе биде одржан во Филаделфија.

„Било кој внес на кофеин во текот на бременоста може да го зголеми ризикот од абортус, посебно во првите осум недели. Жените кои се обидуваат да забременат можат да имаат само придобивки од елиминираето на кофеинот“, се наведува во истражувањето.

Тимот на чие чело била д-р Александра Пурду Смит ја анализирала студијата од 2014. Година во која е анализиран ефектот на аспиринот на бременоста, но жените кои се обидувале да останат бремени (1.228 жени) одговарале и на прашањата колку кофеин и алкохол внесуваат. Внесувањето го следеле четири години во текот на кои им е вадена крв. Резултатите покажале дека внесувањето на два или повеќе напитоци кои содржат кофеин на дневно ниво е поврзан со ризик од губење на бременоста.

Кофеинот е стимуланс кој може да го зголемува притисокот на крвта и да ја забрза работата на срцето, што не е препорачливо во текот на бременоста. NHS им препорачува на трудниците да не внесуваат повеќе од 200 мг кофеин дневно, односно две шолјички инстант или една шолјичка филтрирано кафе.

Фото: Pexels

loading...