Која е втора најдобра европска дестинација за меден месец?

Според European Best Destinations (европска организација со седиште во Брисел), градот Хвар е прогласен за втората најдобра европска дестинација за брачно патување или уште подобро, за меден месец, за оваа година.

0
90

Градот Хвар е прогласен за 2.најдобра европска дестинација за меден месец за 2019.година. Па така, ако наскоро планирате да стапите во брак или сонувате за патување за вашата годишница од бракот и барате место за совршен меден месец во Европа, тоа не е толку далеку. Според порталот European Best Destinations, за 2019.година, токму градот Хвар е втората најдобра европска дестинација за брачно патување или уште подобро, за меден месец.

European Best Destinations e европска организација со седиште во Брисел, а развиена е за промовирање на културата и туризмот во  Европа како туристичка дестинација во светот.

На Хвар можете да уживате во бројните плажи, врвните хотелски базени, сонце, сино море и начин на живот кој им се допаднал и на многу славни луѓе меѓу кои и на Џорџ Клуни и Бијонсе, кои биле и повторно се враќаат тука.

Апартманите од соништата кои се препорачуваат на официјалната веб страница на European Best Destinations се во хотелите Blue Bay Residence или Amfora Hvar Grand Beach Resort.

На истата веб страница е видливо како Хвар на оваа листа оставил зад себе голем број атрактивни европски градови и дестинации.

Но покрај се што се нуди во овој град, веројатно нема ништо поромантично од залезот на сонцето.

loading...