Која е најдобрата ужина за бремените жени

Еве зошто трудниците би требало да јадат јаткасти плодови во текот н првото тримесечје

0
200

Трудниците кои јадат ореви, бадеми и пињоли раѓаат „попаметни“ бебиња, покажале резултатите од неодамна спроведеното истражување во кое учествувале 2.200 мајки со деца.

Шпанските научници од Институтот за глобално здравје во Барселона утврдиле дека децата чии мајки во текот на првото тримесечје на бременоста јаделе три пати неделно по 30 грама јаткасти плодови имале подобри резултати на тестовите за когнитивните функции, внимание и на тестовите за меморија.

Јаткастите плодови се богати со фолати и есенцијални масни киселини за кои се верува дека се акумулираат во деловите на мозокот одговорни за помнење и концентрација.

„Ова е прва студија која ги проучувала можните позитивни ефекти од консумирањето јаткасти плодови во текот на бременоста врз долгорочниот невролошки развој на децата“, вели д-р Флоранс Жињак, која го водела истражувањето, пренесува Дејли мејл.

„Во текот на гестацијата, мозокот на бебето поминува низ комплексни процеси, а исхраната на мајката во бременоста е еден од важните фактори кои влијаат на тоа и може да има долгорочни последици по невролошкиот развој“.

Научниците веруваат дека позитивниот ефект од консумирањето јаткасти плодови во текот на бременоста на подоцнежните способности на детето може да се објасни со високата содржина на фолна киселина и есенцијални масни киселини кко што се омега-3 и омега-6 во ова овошје.

Фото: Pexels

loading...