Која е најсигурната положба за спиење на бебето?

Некои родители се плашат да го ставаат бебето на грб поради страв од повраќање, но токму е тоа положбата во која би требало да спијат доенчињата во првата година од животот. Еве неколку препораки како да им се обезбеди сигурност за време на спиењето.

0
219

Родителите сакаат да обезбедат сигурно опкружување за своето бебе. Најчестата работа која ги мачи родителите на новороденчињата и бебињата кои се уште не можат да се завртат сами е најсигурната положба за спиење? КОј видови на колевки се најдобри за бебето? Има ли потреба да се ставаат посебни перничиња во креветчињата за да ги блокираат бебиуњата во одредена положба за спиење или тоа претставува ризик?

Бебињата би требало да спијат на грб

Препораката на Американската педијатриска академија е здравото бебе да спие на грб во првата година од животот. Децата кои спијат на грб се во помала опасност од синдромот на ненадејна доенечка смрт.

Во првата година од животот, а ако е можно и подолго, детето треба да спие на грб. Поради страв дека детето ќе се угуши заради повраќање, родителите почначе да ги вртат децата на стомак. Забележано е дека тогаш зачестеноста на смрт во колевка се зголемила дури за 70 отсто.

Првите шест месеци се најважни

Ризикот од смрт во колевка е најголем во текот на првите шест месеци, па важно е барем во тој период да го ставате детето да спие на грб. Под душекот можете да ставите некое перниче кое лесно ќе го подигне делот кадешто се наоѓа бебешкото главче.

Уште една интересна работа е препораката на педијатрите за користење на цуцла лажливка која ја намалува зачестеноста на ненадејна смрт.

Можете да воведувате цуцла лажливка пред дневното и вечерното спиење откако ќе стрекне искуство со доењето, отприлика после 4 до 6 недели од животот.

Препораки за сигурно спиење

Сигурното опкружување е еднакво важно како и позицијата во која спие бебето.

Еве што треба да направите за да му обезбедите сигурен сон.

Секогаш ставајте го бебето на грб за време на спиењето. Кога е будно, поттикнувајте го, под ваш надзор, да лежи на стомак.

Ако сака, дајте му цуцла лажливка.

Нека спие на цврст душек, без никакви блокади.

Покривајте го со чаршафче кое не е преголемо о пробајте да го завлечете под душекот (никако преку главата на бебето.

Не користете ќебиња за покривање и во никој случај не ја покривајте главата на бебето. Најдобро би било кога бебето би спиело во вреќичка за спиење.

Препоракитре се бебињата да спијат во иста соба со родителитре, но во својата колевка.

Немојте да пушите во близина на детето.

Не ги ставајте да спијат на фотелја или на кауч.

Ако вашето бебе не спие цело време во колевка, можете да користите преносно креветче и да ги применувате истите мерки за безбедност.

loading...