Куќичката на Јованче и Марика во ново руво

Оваа куќичка чиј автор е непознат, наместо од бисквити, чоколади и бонбони е направена од сувомеснати производи и зеленчук. Очигледно, зеленчукот тука има споредна улога... Каква куќичка би сакале вашите деца, онаа слатката или оваа?

0
188

Дали сте им ја раскажале на своите деца приказната за Јованче и Марика?

Не го знаеме потеклото на оваа фотографија, но ни се појави од некаде и некако не потсети на куќичката од приказната за Јованче и Марика, иако во сосема поинакво руво од слатката верзија од приказната. Оваа некако многу ни личи на „војводинска верзија“.

Наводно, станува збор за училишен проект на ЕУ, а детето кое ја направило куќичката, освоило прво место. Ама не не држете за збор…

Да се потсетиме: Си беше еднаш еден сиромашен дрвар кој имаше две деца, Јованче и Марика.Беше толку сиромашен што одвај успеваше да ги прехрани. Кога еден ден немаше веќе што да им даде,ги остави децата во шумата зашто не сакаше да му умрат пред очи. Кога останаа сами во шумата,кутрите дечиња не знаеја што да прават. Се обидоа да се вратат дома, но залудно: шумата беше толку густа и непроодна што тие се повеќе се оддалечуваа од вистинскиот пат. Ноќта ја дочекаа гладни, преморени и без покрив над главата. Утредента забележаа една мала необична куќичка, направена од бисквити и чоколади. Куќичката изгледаше толку вкусно и примамливо што дечињата не можеа да ѝ одолеат…

Што мислите, која верзија би им се допаднала повеќе на вашите деца? Знаете ли можеби кое е потеклото на оваа фотографија и кој е дизајнерот на „сувомеснатава куќичка“?

 

loading...