Лечење рак на дојка без мастектомија?

Сите жени кои се соочуваат со оваа болест во еден момент ги чека голема одлука, а тоа е дали да се одлучат на мастектомија или лумпектомија со зрачење. Најновите истражувања дека мастектомијата може да се избегне.

0
329

Мастектомијата е оперативен зафат кој подразбира отстранување на едната или на двете дојки, додека лумпектомија е зафата кој подразбира само отстранување на болното ткиво (туморот) после што е неопходна терапија со зрачење.

Иако преживувањето и оздравувањето им е примарно на жените кои боледуваат од рак на дојка, мастектомијата може да влијае на психичката состојба на жената, затоа што без оглед на болеста жените сакаат да изгледаат убаво. Покрај беспоштедната борба за живот тие треба да се одлучат и на кој начин сакаат да го лекуваат својот рак. Пациентките обично имаат три опции, лумпектомија, да се отстрани само туморот во комбинација со зрачење, мастектомија или двојна мастектомија.

Отстранувањето на двете дојки по хируршки пат е најрадикалната опција, но е многу популарна помеѓу жените и често се одлучуваат на неа сакајќи да ја спречат секоја можност болеста да се врати. Сепак, последните истражувања на оваа на оваа тема покажуват дека двојната мастектомија не го зголемува процентот на шансите за оздравување што е во некоја рака лоша, но и добра вест.

Студијата која е објавена опфаќала 200 илјади жени заболени од рак на дојка во Калифорнија и е прва ваква студија која го споредува степенот на преживување кога станува збор за трите различни третмани за лекување на рак на дојка.

Истражувањата покажале дека моментално околу 85 отсто жени со рак на дојка живеат пет години и повеќе без оглед на кој начин ја лекуваат својата болест.

Исто така, лекарите нагласуваат дека сите двојни мастектомии не се бесмислени и дека постојат случаи кога е таа неопходна. Жените кај кои е најдена BRCA1, BRCA2, мутација на гените и во семејството имале случаи на рак на дојка, двојната мастектомија навистина може да го спаси животот, во спротивно и не баш.

Приказната за превентивна мастектомија во светот сигурно ја поттикна и примерот на популарната холивудска глумица Анџелина Џоли која направи двојна мастектомија.

Доколку имате рак на дојка многу е важно да воспоставите добар однос со вашиот лекар, да стекнете доверба и тој да ви објасни што е најдобро за вас. Доколку не е неопходно, не го правете тоа и не инсистирајте на беспотребни операции.

Фото: Pixabey

loading...