Лижавчиња од мајчино млеко

Кога на бебињата почнуваат им растат запчиња, тие можат да им прават многу проблеми. Овие лижавчиња кои можете да ги направите од своето млеко можат да го ублажат ова.

0
148

Кога на децата им растат запчиња тоа може да им предизвика многу непријатни чувства, болка и раздразливост. Понекогаш не им помага ништо, па вие станувате очајни.Но еве еден начин на кој ќе можете да го смирите своето дете кога ситуацијата ќе стане неиздржлива.

Станува збор за лижавчиња направени од замрзнато мајчино млеко, всушност, за сладолед, кој нормално, секогаш треба да му го давате на детето под надзор, не премногу, и секогаш малку растопен и на кратко – за да му ја ублажи болката.

Идејата за ова ја најдовме на блогот Anwjohnston.

Од состојки ви треба само вашето млеко кое откако ќе го издоите треба да го ставите во чист сад за мраз, да потопите во млекото обична цуцла (за повеќе лижавчиња, ќе наполните неколку коци и ќе ви требаат исто толку цуцли) и ќе го ставите во замрзнувач.

На овој начин ќе добиете ледена цуцла која не е погодна да му ја давате на детето пречесто и како замена за храна.

loading...