Лов на мечки во време на корона

Кадифените мечиња ги преплавија прозорците најпрво во скандинавските, а потоа и во земјите ширум светот, за да го свртат вниманието на најмладите од коронавирусот кон „ловот на мечки“.

0
190

За децата е тешко да ја разберат глобалната пандемија на коронавирус, а социјалната дистанца може тоа дополнително да им ја отежни.

Додека психолозите им нудат на родителите совети како да им објаснат на децата што е коронавирус, некој се досетил на играта што може да им ги направи овие денови позабавни.

„Ловот на мечки“ го популаризираа жителите на Рејкјавик за да ги развеселат децата на Исланд, а сега стана глобален хит.

Играта е инспирирана од детската книга „Одиме во лов на мечки“ („We’re Going on a Bear Hunt“) од британскиот писател Мајкл Розен.

Идејата е едноставна – оставете кадифени мечиња на прозорците, за да можат децата во текот на прошетките или од своите прозорци да ги видат и да им ги свртат мислите.

Некои, покрај мечињата додаваат и детски цртежи, како и други кадифен играчки за да ја „замаскираат трагата“.

Освен што сужат за забава, мечињата некогаш имаат и едукативна цел – некои се поставени на безбедна оддалеченост едни од други за да им го приближат на децата поимот на социјална дистанца, некои носат маски.

Вклучете се и вие!

Фото: Твитер

loading...