Луѓето не сакаат деца, се плашат од апокалипса

Двојките кои се плашат од климатските промени, сѐ поретко одлучуваат да имаат деца, бидејќи се плашат дека нивните наследници би можеле да се борат против климатската апокалипса, покажала академска студија од Сингапур.

0
112

Истражувачи од Сингапур испитале 600 луѓе на возраст од 27 до 45 години, а 96 отсто од нив биле многу загрижени за иднината на нивните можни потомци, објави Гардијан.

„Чувствувам дека не можам да донесам дете на светот со чиста совест и да го принудам на преживување во ситуација што може да биде апокалиптична, поради климата“, вели девојка (27) која учествувала во анкетата.

Се додава дека некои родители веќе зажалиле што имаат деца во вакви услови.

Родителството потенцијално значи дека личноста ќе произведе јаглерод диоксид кој ќе запали климатски аларм, но поради тој факт не се грижеле 40 проценти од испитаниците.

„Стравот од оставање јаглероден отпечаток затоа што имате деца е апстрактен и далечен. Но, стравот поради децата е многу длабок и емотивен”, вели Метју Шнајдер-Мајерсон од колеџот Јеил-НУС во Сингапур, кој ја водел студијата.

Во студијата учествувале припадници на двата пола, иако жените сочинувале 75% од испитаниците.

„Климатските промени се единствениот фактор што ме натера да одлучам да немам деца. Не сакам моето дете да живее во свет што умира, иако би сакала да бидам мајка”, рекла една од испитаничките (31).

Шест проценти од испитаниците признале дека се чувствуваат виновни затоа што имаат деца.

„Од оваа гледна точка, жалам што родив деца, бидејќи се плашам дека еден ден ќе се соочат со крајот на светот поради климатските промени“, рекла една мајка (40).

Фото: Pixabay

loading...