Луѓето сѐ подоцна се одлучуваат за родителство

Некои од причините поради кои луѓето сѐ подоцна одлучуваат да основаат и да го прошират семејството, се едукација, кариера, но и штедење на пари за да купат сопствен дом.

0
223

Просечната возраст на која луѓето се одлучуваат да станат родители се зголемува од година во година. Според податоците на Државниот завод за статистика на Велика Британија, во 2018. година просечната возраст на прворотките била 30,6 години, додека просечната старост на мажите кои првпат станале татковци била 33,6 години.

Според тоа, таа возраст се зголемува веќе десета година по ред.

Додека денес жените имаат речиси 31 година кога го раѓаат своето прво дете, порано имаа околу 24 години. Покрај тоа, скоро половина од жените (48%) родени во 1988. година во Англија сè уште не станале мајки, пренесува Harper’s Bazaar.

Иако родителите обично имаат две деца, бројот на оние што избираат да останат само со едно дете се зголемува.

Некои од причините поради кои луѓето сѐ подоцна одлучуваат да основаат и да го прошират семејството, се едукација, кариера, но и штедење на пари за да купат сопствен дом.

Овој тренд го следат и славните мајки, па така, војвотката од Сасекс имала 37 години кога го родила својот син Арчи, додека Амал Клуни имала 39 години кога ги роди близнаци Ела и Александар. Ева Мендес стана мајка на 40 години, а две години подоцна ја роди својата втора ќерка.

Фото: Pexels

loading...