Маж бара од бремената сопруга-веганка, да јаде месо!

Познато е дека многу жени поради бременоста ги менуваат своите прехранбени навики и воопшто, животниот стил, но една трудница-веганка, била шокирана кога нејзиниот сопруг побарал од неа да почне да јаде месо поради здравјето на бебето. Што мислите вие за ова?

0
268

Една трудница на родителскиот форум Mumsnet, напишала дека нејзиниот сопруг смета дека е месото нужно за здравјето на бебето и ѝ предложил да почне да го јаде.

Таа целиот живот била веганка, како и нејзините родители и браќа, но и сопругот кој сепак, не се придржувал толку строго до овој начин на исхрана.

Мисли дека е месото важно за да биде бебето здраво и се грижи поради нивото на железо во крвта иако јас со тоа никогаш не сум имала проблем“, напишала трудницата.

Барањето на сопругот ја шокирало и ја вознемирило па ги прашала другите родители дали мислат дека неговата загриженост е оправдана.

Очекувано, корисниците на форумот имаат поделени мислења, но повеќето сепак ѝ даваат на мајката конструктивни совети.

Мислам дека би ти било лошо ако наеднаш почнеш да јадеш месо. Немој да дозволиш сопругот да ти ја диктира исхраната. Единствен исклучок е ако ти чувствуваш желба за месо“, смета еден корисник, додека пак друг смета дека најдобар можен совет е да се консултира со нутриционист или со бабица.

Кажи му на сопругот дека нема право да ти кажува што треба да јадеш. Тој може да се грижи за тебе и за детето како и за хранливите состојки кои ви се потребни, но возможно е тие да му се обезбедат на организмот дури и ако си веган“, смета трет.

Некои ѝ советуваат да го проверува нивото на железо во крвта редовно ако сака да има здрава бременост.

Според мсилењето на лекарите, важно е во бременоста да се храните разновидно и избалансирано за да му ги обезбедите на телото сите нутриенти потребни за развој и раст на бебето.

Меѓутоа, ако не јадете месо, железо може да добиете преку јајцата, мешунките, лиснатиот зеленчук (спанаќ, блитва), интегрален леб, тофу, семки и сушено овошје.

Што мислите вие?

Фото: Pixabey

loading...