Мама беше во право!

На жените им се потребни 33 години за да сфатат дека мајка им била во право

0
111

Има една позната поговорка – Мама знае најдобро! Сепак, на жените им требаат 33 години за конечно да го признаат тоа. Две години подоцна, на 35 години, повеќето жени се претвораат во својата мајка, открило истражувањето. Од друга страна, мажите почнуваат да наликуваат на своите татковци дури на 37 години.

Истражувањето, спроведено од Petit Filous открива дека 82 проценти од мајките и татковците ги изговараат истите зборови што ги слушале како деца, иако самите на себе си велеле дека никогаш нема да го сторат тоа.

Најчесто повторувани зборови се: „парите не растат на дрвјата“ и „мијте ги рацете“. Тука се и: „затворете ја вратата, не сте родени на брод“, „не јадете, ќе си го расипете ручекот“, „затоа што јас така реков“ и „Не сум ваш роб“.

Деведесет проценти од анкетираните изјавиле дека тие почнале вистински да ги ценат своите родители кога и самите станале родители, повеќето не пред 28-годишна возраст. Скоро 75% од нив немаат идеја како би изгледало родителството, а 14% рекле дека се подготвени за деца и за сè што носи родителството.

Се покажало дека 40 проценти од испитаниците сметаат дека се помалку строги со своите деца отколку што биле нивните родители, а 40 проценти истакнуваат дека ги хранат децата поздраво.

Фото: Pixabey

loading...