„Мамо, мислам дека сум геј“

Освен по ова, таа вечер не беше различна и посебна по ништо друго.

0
411

Седев на подот од дневната соба и се обидував да го завршам проектот со ќебето за кое најдов идеја на Пинтерест.

Мојата ќерка, со своите осум години и со преслатка непријатност, додддека малечкото лиценце   ѝ беше осветлено од светлото на телевизорот, ми рече:

„Мамо, дали е тој геј?“

Со брадата покажа кон екстравагантно слаткиот Титус Андромедон кој беше на екранот. Не го ни кренав погледот пред да ѝ одговорам: „Да душо, геј е“.

На ова таа легна на ќебето кое е сѐ уште во процес на настанување, а со слабичките раце и нозе полека правеше невидливи ангелчиња како во снег.

„Мислам дека и јас геј“, ми рече. Јас се насмевнав. Сакам да скокнам, да ја гушнам, ја сакам, сакам да направам да се чувствува прифатено, но го следам нејзиниот тон. За неа е тоа само изјава, само забелешка, ништо особено значајно. Затоа и јас останувам во фазонот не е тоа ништо значајно и одговарам: „И јас така мислам мила“.

Целиот овој разговор. На кој таа веројатно нема ни да се сеќава кога нејзината прва девојка ќе ја праша за како им кажала на нејзините дека е геј, содржеше едвај 20 зборови.

Знаев дека е таа геј многу подолго од неа самата. Едноставно, начинот на кој се однесува кон машките, како целата нејзина личност шокирано се замрзнува кога некое убаво девојче ќе влезе во просторијата, начинот на кој погледот ѝ застанува на девојчињата кои се само година или две постари од неа, ликовите кои ги цртка по тетратките, честитките за Денот на вљубените кои ѝ ги пишува на малото русокосо девојче со кое седи на часови, дури и по начинот на кој се облекува.

Едноставно, така е родена, исто како што е родена и со тие убави сини очи, прекрасен талент за уметност и неможноста брзо да заспие.

Тоа е таа, таква е и не би сменила ниту една ситница во врска со неа.

Откако ја покрив во креветот таа ноќ, со повеќе бакнежи и прегратки од било кога, се фрлив на каучот. А потоа се расплакав. Но не заради тоа што веројатно си мислите.

Иако веќе со години знаев дека ќе дојде до овој момент, го очекував, се надевав дека ќе биде едноставно и без солзи или некоја траума, сега конечно сфатив. Ми се вратија во мислите сите случаи за кои сум слушнала некогаш, сите статистики и злосторства од омраза.

Колку е само поголема шансата дека моето слатко девојче ќе заврши како жртва на убиство или пак самоубиство, колку се поголеми шансите дека нема да добие работа или стан или можност да посвои бебе. Да ја знаете и вие би плачеле.

Има големо срце, заразна насмевка и брз јазик. Кога нејзината учителка на распуст помеѓу второ и трето одделение е префрлена да им предава на третоодделенците, ѝ дозволија да си формира одделение за да ѝ биде преодот полесен. Учителката го одбра моето дете да прејде во нејзиното одделение на третоодделенци.

Едноставно е таква, мила и популарна. Таа е сон на секој наставник. „Камо среќа да имам 30 такви во одделението!“, ми рече кога ка прашав како тоа моето дете има иста учителка две години по ред.

Пмислив на неа како спие горе во својата соба и ми изгледаше поранлива од кога било.

Кога имаше три години, секогаш кога одевме некаде кадешто имаше многу луѓе, ѝ го пишував на раката својот телефонски број. Толку се плашев дека ќе заталка и дека ќе ја изгубам, па тоа беше некој начин да ја заштитам. Ова што го пишувам денеска е истата работа. Сакам да го заштитам своето мало слатко девојче и потребна ми е вашата помош.

Видете, можеби вашето дете нема да се среќава со сите оние проблеми со кои моето сигурно ќе се среќава. Но можеби детето на некој од вас ќе биде личноста која седи покрај неа доцна навечер во автобус, или ќе помине покрај неа на улица, или ќе пројде со автомобил покрај неа на улица.

И се надевам дека ја одгледувате таа личност да биде од оние кои кои ќе станат и ќе се заземат за неа ако возењето со автобус навечер стане случајно опасно: Ако вашето дете види дека ја малтретираат, ја задеваат, повредуваат, одгледајте дете кое ќе се замеша, кое ќе му помогне да моето девојче ако тоа ѝ биде потребно. Затоа што, тоа ви го гарантирам, моето дете е едно од оние кои ќе му помогнат на вашето.

Ако вашите верувања не дозволуваат да бидете ЛГБТ сојузник, ве молам фокусирајте се на оној дел од своите верувања кои ве поттикнуваат да ги сакате другите, наместо да ги осудувате.

Усмерете ги и своите деца на тие уверувања, ве преколнувам. Затоа што ќе морам набрзо да го испратам тоа мало слатко девојче во овој свет полн со омраза.

Знам дека е во некоја рака прилично себично тоа што го барам, но потребно ми е да одгледате генерација луѓе кои ќе помогнат моет дете да остане безбедно во светот полн со луѓе кои ќе ја повредат ако им се укаже можност.

И јас ќе го направам истото за вас, моето дете ќе му се спротивстави скеому ако некогаш с еајде во ситуација да го види вашето дете како го повредуваат доцна ноќе во автобус.

Морам да верувам дека во ова агенерација родители има повеќе сојузници отколку бесни луѓе.

Текстот и фотографиите се од ТУКА.

loading...