Мамо, ја сакам Кате!

... Не биди смешен. Ќе имаш милион такви Кати во животот! Зошто вие, родители, знаете однапред се за нас?

0
870

Еден психолог рекол: „Во секоја пригода земајте го детето за рака! Ќе помине малку време и тоа сосема ќе престане да ви ја дава својата дланка!“

Се што правиме во животот на нашите деца, се враќа стократно. Ако детето расте во доверба – тоа исто така се учи да има доверба во другите, ако децата добиваат љубов и поддршка, тие самите стануваат внимателни и грижливи.

Но постојат страшни грешки кои ги прават возрасните под влијание на лутина или рамнодушност, без размислување за тоа во што би можело тоа да се претвори во душата на малото дете …

Многу ги навредуваме нашите деца кога:

  1. Не ги разбираме

Кога имав 13 години, се вљубив. Еуген беше одличен во училиште и идеален во моите очи. Меѓутоа, тој не обрнуваше никакво внимание на мене, а јас плачев. Мајка ми се обидуваше да ме утеши, зборувајќи ми целосна бесмислица: „Што ти е на тебе! За една година нема ни да се сеќаваш на него“! А јас никако не сакав мојата вљубеност да помине.

Многу години подоцна ја видов истата сцена во филмот „Не можам ни да сонувам“:

– Мамо, ја сакам Кате!
– Не биди смешен. Ќе имаш милион такви Кати! ..
– A зошто вие, родители, знаете однапред се за нас?

  1. Не поддржуваме

Малиот Карузо трчал во солзи дома од училиште: „Мајко! Учителот по пеење рече дека е мојот глас како ветар кој урла во оџак“.

„Што зборуваш сине мој! Не слушај никого. Пееш како најубав славеј на светот. Јас сигурно го знам тоа!“

Страшно е да се помисли дека светот можеби никогаш не слушнал за тој голем тенор, ако таа жена не била толку мудра. Секогаш кажете им на своите деца: „Ти го можеш тоа! Ти ќе го совладаш тоа“! – Тоа е многу инспиративно.

  1. Ги споредуваме со други деца

„Види каква е Ања – уредна и чиста. А ти си како прасе“. Ви звучи познато?

Една работа не можам да разберам: што сакаат да постигнат мајките со вакви зборови? Освен омраза кон Ања, тешко дека ќе предизвикаат други емоции …

  1. Им се потсмеваме

Јас и мојата помала сестра влеговме во дуќан. Сестра ми имаше 3 години и сипаници. Продавачките на кои им беше здодевно, се свртеа кон нас и почнаа да се кикотат: „Ох, која убавица дошла кај нас! Погледнете ја!“, во главата ми беше само една мисла: каде да најдам пиштол и да ги убијам..?

  1. Ги навредуваме со постапки и со зборови

Во 8.одделение се сметав за доволно зрела и самостојна. Еднаш со татко ми долго решававме геометрија која мојот мозок комплетно одбиваше да ја разбере. Тогаш, од очај и лутина, татко ми ме удри по газот. Тоа не беше толку болно колку што беше навредливо! Долго потоа не сакав да зборувам со него. А тој не можеше да сфати што ме повредило толку многу …

  1. Викаме и губиме контрола над себе

Се сеќавам како во родилиштето мојата сосетка во собата, исцрпена од плачењето на своето новородено дете, го грабна и почна да го тресе и да вика: „Што ти е по жаволите, што уште сакаш?“ Никогаш нема да ги заборавам огромните преплашени очи на детето кое не разбираше што се случува. Мислам дека и самата потоа се засрами.

  1. Игнорираме

И верувајте, тоа е најлошо. Еден јапонски научник му го покажа на целиот свет експериментот со билките. Три исти семиња биле засадени во три стакленки. Секое утро минувајќи покрај првата стакленка, научникот ја поздравувал садницата зборувајќи и убавио зборови. Додека минувал покрај втората, викал и и кажувал на билката навредливи зборови. Третата билка едноставно ја игнорирал. Не е тешко да се погоди што се случило со нив после еден месец. Првата пораснала сочна и зелена по целата ширина на прозорската штица, другата сосема се исушила, а од третата останал само гнилеж. Децата се како зелени никулци: после многу години, родителите жнеат тоа што негувале!

www.cluber.com.ua

loading...