Матка во облик на срце: Што е тоа и како да знаете дали ја имате?

Оваа аномалија може да се поправи со одредена хируршка постапка, но и лекарите и жените ретко се одлучуваат за неа затоа што бременостите во матка во облик на срце под надзор се изнесуваат без поголеми потешкотии.

0
143

Веројатно не сте особено силно поврзани со вашата матка во моментов, освен ако не сте бремени, но кога би слушнале сега дека вашата матка е во форма на срце, голема е веројатноста да помислите дека е тоа романтично. Но, како што веќе се сомневате, матката во форма на срце попрво може да биде извор на неволја отколку романтика, затоа што се поврзува со ендометриоза и повторливи абортуси.

Ако вашиот гинеколог на преглед ви спомнал дека имате матка во облик на срце, односно uterus bicornis, треба да знаете дека можете да живеете живот со неа без никакви проблеми, но и да имате проблеми во бременоста.

Која е разликата помеѓу матката во форма на срце и нормалната?

„Матката е мускулест орган во стомачната празнина и обично изгледа како превртена круша со странично поставени рогови (јајцеводите). За време на бременоста, бебето се развива во поголемиот дел од матката или фигуративно кажано, во облиот дел од крушата. Кога матката е во облик на срце, сè уште има главна шуплина на матката, но со малку вовлечен среден дел, па детето има помалку простор“, објаснува Др. Дејвид Ф. Коломбо, гинеколог во Spectrum Health Medical Group Grand Rapids, САД.

Матка во облик на срце е еден вид вродена аномалија. Аномалиите на матката не се чести и се јавуваат кај 3 до 6 проценти од жените, од кои 26 проценти се однесуваат на матка во форма на срце. Иако таквата форма е вродена, таа не е генетска“, вели д-р Меган Чејни, гинеколог и директор на Универзитетот Банер во Аризона за Women’s Health.

Дали утерусот во облик на срце е лош?

Дали матката во форма на срце е лоша зависи од околностите. Многу жени живеат без воопшто да го дознаат тоа или да имаат проблеми со матката во облик на срце, бидејќи таквата форма нема никаков ефект врз менструалниот циклус. „Во некои случаи, матката во форма на срце е поголем ризик од ендометриоза, но најголемиот проблем е веројатноста за појава на повторливи спонтани абортуси, предвремено раѓање, како и бебето при раѓањето да излезе на погрешен начин“, вели Коломбо.

Една студија од 2011 година објавена во American Journal of Obstetrics and Gynecology открила дека присуството на каква било аномалија на матката (вклучително и онаа во облик на срце), го зголемува ризикот од предвремено пораѓање и потребата од царски рез.

Како може да знаете дали имате матка во форма на срце и што можете да направите?

„Единствениот начин да дознаете каква форма има вашата матка е 3Д ултразвук или магнетна резонанца. Жените се испраќаат на овие тестови обично ако имале три спонтани абортуси или имаат проблеми со зачнување. Постои уште еден начин – хистеросалпингографија дијагностички и терапевтски метод со кој се испитува проодноста и изгледот на матката и јајцеводите. Во испитувањето се користи водорастворлив јоден контраст што се вбризгува под притисок низ грлото на матката“, вели Чејни.

Коломбо вели дека оваа аномалија може да се поправи со одредена хируршка постапка, но и лекарите и жените ретко се одлучуваат за неа затоа што бременостите во матка во облик на срце под надзор се изнесуваат без поголеми потешкотии.

Фото: Pixabey

loading...