Мајка апелира до наставниците: Не ги спомнувајте мајките и татковците на децата за време на часот

Кога зборуваме за семејства, секое е различно. Посебно на свој начин.

0
355

Пораката на вонредната професорка Сири Аланг стана вирална откако таа се осврна токму на тој факт. На Твитер, таа се обидела да објасни зошто смета дека наставниците треба да престанат да ги споменуваат „мајките и татковците“ на учениците во училиште. Како што објаснува, не секое семејство има мајка или татко, а некои деца немаат ниту едно.

Таа предупредила дека е фрустрирачки бројот на ситуации во кои наставникот на нејзиното дете спомнува „мајки и татковци“. Така, едно дете кое присуствувало на истиот час спомнало дека живее со неговата баба и дека нема родители, а на сè реагирало и нејзиното дете.

„Немам татко и тоа е во ред затоа што мајка ми рече дека има различни типови на семејства, иако јас би сакал татко. Но, таа е геј. Геј значи дека излегува само со жени”, ја објаснило детето неговата ситуација.

„Наставничката се извинила и рекла дека ќе започне да вели „родител или возрасен човек што ти помага дома“. Верувам во оваа генерација“, открила Сери во подоцнежниот пост за тоа како завршила целата приказна.

Но, нејзините твитови привлекле големо внимание, илјадници коментари и лајкови. Многу луѓе ја поддржале идејата за употреба на друг термин во наставата, пишува The Sun.

„Еднаш имав ученик кој мораше трипати да ме потсети дека неговата мајка е мртва, а татко му во затвор. Се чувствував многу глупаво и ужасно. Старател е многу подобар термин“, се согласил еден наставник.

Друг корисник на Твитер додал: „Добар потсетник дека треба да размислиме пред да зборуваме“.

Фото: Pexels

loading...