Мајка ги научила синовите да носат во ранците влошки и тампони за да им помагаат на девојчињата

Момчињата им раскажале на сите свои пријатели што носат во ранците и признале дека неколку момчиња на почеток ги исмејувале заради тоа, Што мислите вие за ова, дали е добра идеја?

0
241

Некои теми се понепријатни од другите, но можеби малку разбирање и отворен ум ќе им помогнат да престанат да бидат табу. Иако е сосема природна работа, менструацијата е една од таквите теми. Но, блогерката Тара Аренс, мајка на четири деца, одлучила да го смени тоа. За почеток, во своето семејство.

Таа се обидува да им ја приближи менструацијата на своите синови, за тие да можат да се развиваат во луѓе со здрави социјални навики. И тоа го направила на најприроден можен начин: ноншалантно сугерирајќи дека можеби е добра идеја нејзините синови да носат тампони во ранците, и како и секој модерен родител – го споделила тоа со целиот интернет.

Но, тоа не е единственото нешто што таа ги учи. Имено, Тара споделила на приватната Фејсбук страница Pantsuit Nation, која заработила над 65.000 лајкови. На фотографијата се гледа како нејзините синови купуваат долна облека за своите сестри, а мајка им напишала: „Моите тинејџери ми помогнаа во шопинг денес, што вклучуваше и купување на првите градници за нивните сестри … Бидејќи градите едноставно се случуваат“.

Исто така додала и дека „и двете момчиња во ранците носат тампон и хигиенска влошка во случај да ѝ бидат потребни на некоја од нивните пријателки“.

Како што вели Тара, тоа е нејзин начин да се обиде да ги избрише родовите стереотипи и табуата. Покрај тоа, таа им објаснила на своите синови Мика и Елијах колку можат да бидат непријатни ситуациите кај девојчињата кога ќе им пропушти влошката, па дури и дека може да биде трауматично и колку е значајна љубезноста и разбирањето на другите во таа ситуација. Таа се прашала зошто природните физички процеси треба да бидат непријатни на кој било начин.

Момчињата им раскажале на сите свои пријатели што носат во ранците и признале дека неколку момчиња на почеток ги исмејувале заради тоа, но на крајот се помириле. Мика веќе се нашол во ситуација да ѝ помогне на една девојка давајќи ѝ влошка кога ѝ била потребна. Иако повеќето од коментарите на социјалните мрежи биле исклучително позитивни, имало и такви според кои не е „машка работа“ да се купуваат влошки и тампони и дека жените треба да водат сметка за сопствената хигиена, пренесува Bored Panda.

Фото: Фејсбук

loading...