Мајка ми е инфлуенсерка, а мене ми се смачи да бидам дел од тоа

Во оваа ера на смартфоните, „фокусирај, сликај и сподели“ изгледа дека е втората природа на многу родители. Некои родители од ова прават цела кариера, вовлекувајќи ги и своите деца. Но, што се случува кога детето ќе порасне и ќе сфати дека делови од неговото детство биле јавно споделувани?

0
317

Повеќето родители се свесни за ризиците од објавувањето фотографии од своите деца на Интернет. Во зависност од нашите поставки за приватност, тие може да бидат прегледани и преземени од други. Некои од нив можеби ни се пријатели и семејство, но понекогаш и туѓинци ги разгледуваат сликите на нашите деца.

Проблемот со споделувањето

Сликите на интернет може да се користат како дел од измами, кражба на идентитет или како дел од однесување поврзано со експлоатација на деца. Сето тоа е ужасно и дефинитивно нешто што сите родители сакаат да го избегнат.

Но, има и други проблеми со објавувањето слики од нашите деца на Интернет. Проблеми што се протегаат дури и на дискусии за нашите деца на социјалните мрежи или блогови. Овие проблеми се однесуваат на дигиталниот идентитет и приватноста на нашите деца.

Во оваа ера на смартфоните, „фокусирај, сликај и сподели“ изгледа дека е втората природа на многу родители. Навистина, некои родители од ова прават цела кариера, вовлекувајќи ги и своите деца.

Но, што се случува кога детето ќе порасне и ќе сфати дека делови од неговото детство биле јавно споделувани, заедно со слатките приказни за важните први нешта што ги направило, испадите во супермаркетите, училишните успеси и друго?

Некои деца немаат проблем со ова, голем дел од нив се „истренирани“ да бидат пред и зад камерата. Но, за некои ова е голема траума, па имаат чувство дека целиот нивен живот бил изложен без нивна согласност, далеку пред да ја имаат шансата да го креираат својот идентитет.

„Има толку многу објавени работи за нас“

Постои приказна за тинејџерка која се чувствувалл вака. Оваа млада личност се појавила на Reddit за да објасни дека и покрај нивните молби за приватност, нивниот родител продолжува да споделува детали за нејзиниот и животот на нејзината помала сестра и да создава идентитет и дигитален отпечаток за нив на Интернет.

„Јас сум тинејџер, а мајка ми е инфлуенсерка на Инстаграм и има блог. Имаше мајчински блог цело време додека растевме и секако дека јас и сестра ми секогаш бевме во него“, пишува оваа млада личност.

„Тоа е за никаде затоа што таму има толку многу за нас и сето тоа ќе се појави кога ќе барам работа, кога ќе излегувам, кога некој ќе го побара моето име“.

Тинејџерот  побарал да нема нови фотографии од него и да не го споменува на интернет. Да се отстранат сите фотографии што биле објавени и да се избришат сите делови кадешто му е споменато името.

„Почитувајте ја мојата приватност“

Кога родителката на тинејџерот ги игнорирала овие барања и продолжила да објавува за нив, тинејџерот ги презел работите во свои раце на прилично генијален начин.

„Најдов веб-страница што печати јакни, однапред, одназад и на рацете. Нарачав и неколку дуксерки со низа фрази на нив, како: „Без фотографии“, „Без видеа“, „Не се согласувам да бидам фотографиран/а“, „Не значи – не“, „Почитувај ја мојата приватност“, „Не профитирај од мојата фотографија“, раскажува тинејџерот.

„Зедов една за мене и една за мојата 9-годишна сестра. Идејата беше мајка ми да не може да направи убави фотографии од нас бидејќи постојано ги носевме овие печатени маици, јакни и дуксери со пораки“.

„Без фотографии, ве молам“

Мајката на тинејџерот била бесна. Таа била лута не само затоа што ова им носело приходи, туку и затоа што смета дека натписите на нивните маици алудираат на сексуланост и се несоодветни. Тинејџерот поставил прашање на „Редит“ дали носењето на ваквата облека додека е со мајка си е неразумно. Добил илјадници коментари на ова прашање.

„Твојата мајка те експлоатира цел живот, за пари“, „Доволно е ужасно што твоите фотографии се изложени, а сега уште се обидува да те манипулира да бидеш дел од нешто што не сакаш? Тоа ги надминува границите. Инфлуенсерството не е единствената работа на светот. Нека работи во туристичка агенција или нешто слично“, се дел од коментарите.

„Исто така не значи дека таа не може да продолжи да биде блогер – таа само треба да се фокусира на нешто друго, а не само на тоа да биде „мајка“. Сигурно да се биде мајка не е единствената интересна работа за неа? “

„Јас сум тоа што сум“

Ова не е првпат дете да побара да биде отстрането од фотографиите на родителот. Во јануари 2019 година блогерката Кристи Тејт напишала текст во „Вашингтон пост“ со наслов „Мојата ќерка ме замоли да престанам да пишувам за мајчинството. Еве зошто не можам да го сторам тоа“. Приказната се однесуваше на тоа дека ќерка ѝ сфатила дека нејзината мајка споделува приказни и фотографии за неа.

„Сакаше да знае дали може да ги отстранам фотографиите и есеите од интернет. Ѝ реков дека тоа не е можно“, напишала Кристи. „Ветувањето дека нема да пишувам за неа ќе значи гаснење на витален дел од мене, а тоа нема да биде добро ниту за мене ниту за неа. Мојата ќерка не бараше да има мајка-писател, но јас едноставно сум тоа што сум“.

Потоа, Кристи објаснила дека таа и нејзината ќерка се согласиле да преговараат за сето она што ќе го објавува во иднина, да дискутираат за секоја приказна или фотографија. Блогот на Кристи е сега приватен, но не е јасно дали е тоа поради барањето на ќерка ѝ или поради критиките што ги добила по објавувањето на текстот во „Вашингтон пост“.

Текстот е од ТУКА.

loading...