Мајка му ги дупнала ушите на двомесечно бебе: Велат дека сум одвратна и го злоупотребувам детето

„Видов дека луѓето зборуваат за мене на една група на Фејсбук. Пишуваа дека сум одвратна и дека го злоупотребувам детето. Мислам дека не сум направила ништо лошо. Малата веќе се навикна на обетките и не ѝ пречат“, вели оваа млада мајка

0
83

Леви Конел (24) од Англија се нашла на мета на критичарите на социјалните мрежи кои велат дека е „одвратна“ затоа што ѝ ги дупнала ушите на нејзината осум недели стара ќерка Вилоу. Некои од нив дури сметаат дека е ова злоупотреба на детето.

Леви вели дека сакала да ѝ ги дупне ушите на нејзината ќерка уште кога имала еден месец, но ја советувале да почека уште еден месец. Одлуката ја преиспитувале и нејзината мајка и партнерот, но таа сепак верува дека имала право.

„Видов дека луѓето зборуваат за мене на една група на Фејсбук. Тие напишаа дека сум одвратна и дека го злоупотребувам детето. Мислам дека не сум направила ништо лошо. Малата веќе е навикната на обетките и не ѝ пречат“, рекла Леви и додала дека таа на овој начин ќе се поштеди себеси, како и нејзината ќерка, од драмата на дупењето на ушите на подоцнежна возраст.

Оваа мајка смета дека луѓето треба да го задржат своето мислење за себе. „Нејзините уши беа дупнати со игла во студиото за пирсинг. По првата дупка, таа се вознемири, а кога ја смирија, направија и втора. Сето тоа беше брзо“, рекла таа.

Леви истакнува дека таа, како нејзина мајка, има право да одлучи кога е вистинско време да ѝ ги дупне ушите.

„И покрај тоа што сите велат дека сум лоша мајка, мислам дека ова е најдобрата одлука и би ја советувала секоја мајка што размислува за ова да не бара совет од никого, бидејќи ќе добие само ужасни навреди. Вие го донесовте тоа дете на светот и имате право одлучи дали да да му ги дупнете ушите“, заклучила таа.

Совет: На што да внимавате ако одлучите да му ги дупнете ушите?

Ако размислувате да му ги дупнете ушите на вашето дете, треба да знаете неколку работи: Кај бебињата, имунолошкиот систем сè уште не е целосно развиен и кога го прободувате увото, се појавува отворена рана што е погодна за инфекции. Педијатрите препорачуваат да почекате најмалку до возраст од шест месеци. Исто така, таа одлука можете да му ја оставите на детето кога тој / таа е доволно возрасно за да може да учествува во грижата за ушите.

исто така, некои деца се алергични на сребро, злато и други метали. Пред дупчење, проверете дали вашето дете е едно од нив.

Фото: Pexels

loading...