Мајка наплатува билети за роденденот на својата ќерка

Сите деца сакаат роденденски прослави, а нивната организација во последно време знае да биде прилично скапа, но сепак, дали и вие би се одлучиле на ваков потег?

0
728

Прославите на детските родендени денеска изгледаат сосема поинаку отколку пред неколку децении и постојано се измислуваат нови трендови кои скапо ги чинат родителите.

Една мајка, а каде ако не во Америка, се одлучила на несекојдневен чекор кој предизвикал низа критики. Како што пишува Mirror Online, жената почнала да го наплаќа доаѓањето на роденден кај својата ќерка, а цената на „влезницата“ изнесувала 20 долари.

Една од нејзините блиски пријателки одлучила ситуацијата да ѝ ја прераскаже на колумнистката на Boston’s Globe Робин Абрахамс и побарала од неа совет.

„Таа е прекрасна, драга личност, но секоја година им го наплаќа на луѓето доашањето на роденденот на својата ќерка. На поканата, помеѓу останатото, пишува: „Понесете 20 долари за трошоците на своите деца“. Ако роденденот се организира во нејзиниот дом, тогаш ќе има кутија за напојници“, раскажала анонимна пријателка.

„Морате да ѝ кажете нешто во врска со тоа пред да го направи тоа нејзината кутра ќерка. Порано или подоцна девојчето ќе сфати што прави нејзината мајка и ќе се чувствува понижено. Сепак, не зборувајте премногу за нејзината финансиска состојба. Не знаете каква е навистина финансиската состојба на вашата пријателка“, ѝ препорачалa Абрахамс.

Фото: Pixabey

loading...