Мајка на 16 деца покажала колку алишта треба да испере секој ден

Тифани и Бенџи Нелсон од Америка се горди родители на 16 деца на возраст од 11 месеци до 23 години. Со толку деца за кои треба да се грижат, оваа мајка открила како го забрзува перењето на алиштата со оглед на тоа колку многу се собираат кај нив за само еден ден.

0
242

Американката Тифани Нелсон ги открила своите трикови кои ѝ го олеснуваат бесконечното перење на облека во нејзиното семејство кое брои 18 члена.

Таа и нејзиниот сопруг Бенџи Нелсон се горди родители на 16 деца на возраст од 11 месеци до 23 години. Со толку многу деца за кои треба да се грижат, оваа мајка открила како успева да го забрза процесот на перење на облеката, покажувајќи колку алишта се собираат во нивното семејство по само еден ден.

Секое дете добива работа за коешто е надлежно една година, а Тифани вели дека тоа им помага да станат „професионалци“ и не мора постојано да ги учат децата како да ја завршат работата.

Сортирање во четири групи

„Ако моите деца носат една до две комбинации секој ден и ги оставаат неуредни, плус пижами, еве колку алишта имаме за само еден ден. Ако не ги перам алиштата една недела, сè излегува од контрола“, рекла мајката во видеото на нивниот канал на YouTube.

Тајната е во тоа што тие ја сортираат целата облека во четири групи – пешкири, сина и црна, црвена и розева и бела боја. Облеката се пере кога целата корпа е исполнета со алишта со иста боја, а Тифани вели дека е тоа речиси секојдневно.

Откако перела илјадници парчиња облека годишно, Тифани нашла начин да го олесни целиот процес.

Облеката патува од едно до друго дете

„За секоја големина на облека, наместо да ги пишувам нивните имиња или да имам корпи со нивните имиња, земам одредена боја. Значи, кога ќе наследат облека, нема да имаат имиња на други луѓе. И тие знаат каква боја е за која возраст. Кога ја перам облеката, само ја подредувам по боја“, објаснила снаодливата мајка.

Иако нејзиниот живот е исклучително динамичен, Тифани тврди дека никогаш не би сменила ништо.

„Секогаш нè прашуваат дали се сите навистина наши деца. Седум се биолошки, а девет се посвоени. Значи сите се наши. Ние го сакаме секое од нашите 16 деца подеднакво“, заклучила гордата мајка.

Фото: Јутјуб

loading...