Мајка објавила фотографија од кршењето на ногата на својата ќерка како предупредување

Мајка на три деца на социјалните мрежи објавила важно предупредување за сите родители кои се спуштаат по лизгалка држејќи ги своите деца пред себе

0
205

Во септември 2015. Хедер Клер со своите едногодишни близнаци Мидоу и Метју отишла во парк во Њујорк. Откако го ставила Метју во скутот и се спуштила по една од лизгалките, одлучила фа го направи истото и со ќерката Мидоу.

„Мидоу ми седна во скутот за да се спуштиме заедно и некаде на половина ногата и се заглави помеѓу мене и лизгалката“, напишала Клер и додала дека се обидела да застане и да му ја ослободи ногата на девојчето, а нејзиниот сопруг точно во тој момент ги фотографирал.

Како што се гледа на фотографијата, на девојчето ногата му се заглавила такашто стапалото се извиткало во целосно погрешна положба. Мајката и ќеркичката на фотографијата се смеат не слутејќи што ќе се случи.

„Кога се спуштивме до дното, Мидоу многу плачеше“, раскажала Клер и се потсетила дека ова се случило само три дена откако девојчето ги направило своите први чекори. Тоа беше ужасно чувство, особено затоа што јас доведов до ова“.

Клер веднаш отишла во брза помош, кадешто лекариуте утврдиле дека Мидоу има прелом на десната нога. Следните четири недели девојчето ги поминало со ногата во розев гипс. Во текот на опоравувањето лекарите ѝ откриле на Клер дека станува збор за многу чести повреди од овој тип.

„И лекарите во брзата помош и ортопедите ни рекоа дека не е безбедно спуштањето со децата во  скут по лизгалка. Дури и ако родителите ги стават и ги држат нозете на детето при спуштањето во скут, сепак можат да им запнат под нив или помеѓу бедрата. Затоа велат дека по лизгалка секогаш мора да се спушта само една личност“, објаснила Клер.

Постоело стравување дека ногата на девојчето ќе му биде покуса од другата, но три години подоцна, малечката сосема се опоравила, а Клер на сите им ја покажува шокантната фотографија како предупредување за останатите родители.

Фотографијата е споделена повеќе од 88 илјади пати и предизвикала повеќе од 10.000 реакции и натерала многу родители да се замислат пред да ја направат истата грешка.

loading...