Мајка открила генијален трик со кој секогаш знае кога децата ја лажат (ВИДЕО)

Овој трик воодушевил многу луѓе на мрежите, а како што вели, најдобро функционира додека децата се мали

0
340

Секој родител знае дека воспитувањето деца не е лесна задача. Постојано се соочуваме со нови предизвици, а мајките и татковците секогаш бараат нови начини да се осигураат дека нивните деца ќе израснат во добри луѓе.

На ТикТок постои нов тренд, а тоа е родителите да ја споделуваат најкорисната лага што им ја кажале на своите деца. А една мајка, нејзиниот смешен трик кој ѝ овозможил секогаш да открие кога децата ја лажат.
Мајката чие име е Викторија, им објаснила на своите деца дека возрасните секогаш знаат кога детето лаже.

„Им кажав на моите деца дека кога лажат, на челото им се појавува ѕвезда што можат да ја видат само возрасните. Така, секогаш кога ќе ме излажат, тие си го покриваат челото“ вели таа во своето видео.

И како што обично се случува со интересни содржини на интернет, видеото на Викторија наскоро станало вирално со над 22,3 милиони прегледи, како и 4,3 милиони лајкови и над 20.000 коментари.

@mombarrassed5

#stitch with @kat_morgan #momsoftiktok #parentsoftiktok #parentinghacks

♬ original sound – Victoria

Мислењата на оваа тема се поделени, па има секакви коментари.

Некои родители ги споделија своите бели лаги, додека други расправаат за корисноста на нејзиниот метод.
Во друго видео, таа додава:

„Ѕвездата е алатка која ќе им помогне на вашите деца да препознаат кога лажат и зошто треба да ги признаат своите лаги. Користете го овој sвезден трик додека вашите деца се мали, на тој начин ќе знаете кога лажат и можете да им помогнете да ја признаат лагата. Не го користете за да создадете страв кај вашите деца. Ако го искористивте трикот на вистински начин, ќе изградите доверба бидејќи знаат дека можат да ви ја кажат вистината и дека кога ќе го направат тоа, нема да бидат казнети за тоа“.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]